НА РАБ НА ЛУДИЛО: Се знае кој повикува на војна помеѓу Русија и Европската унија, за сопствена корист!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Таканаречената „руска закана“ по својот принцип ќе биде главна тема на претстојната Минхенска конференција за безбедност, која ќе биде одржана од 16. до 18. фебруари

Според пишувањето на германскиот „Експрес“, во извештајот под име „До работ и назад?“, кој ќе биде презентиран на Минхенската конференција, се наведува дека ризикот од војна помеѓу Русија и ЕУ е во пораст, односно „случаен вооружен судир помеѓу Москва и Западот поради непочитување на Договорот за контрола на вооружувањето, распоредување на додатни сили и раст на напнатоста поради воените вежби“.

Момир Стојановиќ, генера во пензија и бивш директор на Воено-безбедносната агенција на Србија, за Спутник вели дека Русија не ја загрозува ЕУ по ниту едно прашање, па не гледа зошто Унијата би имала непријателски став кон Москва.

„Мислам дека споменатиот извештај е обоен со новоусвоената американска Стратегија за национална безбедност, во која Русија е апсотрофирана како возможна закана по безбедноста на САД. Спаѓам во групата на луѓе кои сметаат дека никога нема да дојде до војна помеѓу Русија и Европската Унија, а дали ќе дојде до конфликт во региони во кои се судираат интересите на Русија и САД – во тоа можам да верувам. Меѓутоа, тешко е да се верува во тој процент даден во пресрет на Минхенската конфернција, дека можен судир или заострување на односите помеѓу Европската унија и Русија, бидејќи многу, па и водечките земји на ЕУ тесно соработуваат со Русија, односно се зависни од неа, како по прашање на енергенси, така и по некои други работи. Така да тука е само прашање колку Европската унија има автентична и самостојна надворешна политика, а колку таа политика зависи од надворешната политика на САД. Мислам дека, за жал, по Европа, па и по Балканот, надворешната политика на Европа и понатаму е под силно влијание на надворешната политика на САД“, напоменува генералот.

Се додека ЕУ не се оттргне од таквото влијание и приоритет на САД, додава Стојановиќ, таа немад а биде кохерентна во меѓународната заедица.

„Верувам дека, како што поминува времето, ЕУ полека ќе го напушти тој притисок кој постои од САД и дека ќе се обиде да дефинира некои приоритети за својата надворешна политика. Во тие приоритети Русија сигурно нема да биде означена како агресор, или можен извор на судири и нестабилности“, категоричен е Стојановиќ.

Сличен став има и рускиот политиколог Михаил Смолин, кој за Спутник вели дека идејата дека Русија ќе војува против ЕУ претставува една врста лудило.

„Мислам дека европските политичари повеќе се плашат дека на територија на Европа ќе дојде до судир помеѓу САД и Русија, а не помеѓу Русија и ЕУ. Најверојатно, нивната загриженост предизвикува разместување на американски трупи во Европа, како и мерките кои ги превзема Русија, реагирајќи на американските потези. Секако дека постои одреден ризик, но прашањето е кого сметаат за виновен европските политичари за ваквата ситуација“, вели Смолин.

Сергеј Судаков, професор на московската Академија за воени науки, вели дека Америка сака „големата Европа“, односно Германија, Франција, Италија и Шпанија, да останат во нејзина сфера на влијание.

„Меѓутоа, тие земји се почесто носат самостојни одлуки. Во таа ситуација САД буквално мораат да ги убедат европските партнери дека Русија е закана. Меѓутоа, руската закана е фејк закана, за разлика од меѓународниот тероризам, исчезнувањето на вода за пиење, климатските промени и други сериозни проблеми. Но наместо сеопфатна расправа за тие прашања, се наметнува приказна за Русија која наводно прво ќе тргне од балтичките земји, па Полска и ќе ја окупира цела Европа. Се плашам дека руската закана ќе биде број еден тема на Минхенската конференција и дека на европските земји ќе им биде порачано да не размислуваат на нормализација на односите со Русија“, забележува Судаков.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This