April 19, 2024, 12:13 am

НА СВОИТЕ НЕ ЗАБОРАВИЈА: Царовска заборави на Злате Филипов од Штип со тромбоза на нозете живее во мизерни услови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Злате Филипов од Штип е лице со посебни потреби. Имено тој живее сам во мала куќа која е полна со влага и несоодветно услови за живот. Останатите членови од неговото семејство се одамна починати, пренесува порталот Слободен Печат.

Тој кажува дека институциите одамна кренале раце од него, и нема никаква помош од нив.

Според дадените информации може да се увиде дека тој зима пензија од државата од 9.500 денари.

Покрај тоа што е лице со ментална попреченост, како што потврдиле од ординацијата на неговиот матичен доктор Јасминка Кукубајова Белиќ, Злате веќе неколку години се бори и со тромбоза на нозете, но ниту тоа не е доволно за надлежните институции конечно да преземат нешто.

– Потребна ми е помош. Јас би прифатил и сместување во дом или некој да испрати овде лице кое ќе се грижи за мене. Движењето ми е многу отежнато, имам тромбоза на нозете. Јас самиот бев во социјалните служби во Штип, каде ги известив за мојот случај и им кажав дека не можам да се грижам за себе, па побарав да ме згрижат.Оттаму ми беше соопштено дека земам мала пензија, односно дека само лицата кои примаат пензија од 15.000 до 18.000 денари можат да бараат сместување во дом. Им кажав дека не можам повеќе сам, посебно им го потенцирав проблемот со моите нозе, но оттаму мојот случај го земаа со резерва, односно, како да не им веруваа на моите зборови – вели Злате.

Но од Центарот за социјална служба во Штип тврделе дека досега немало пријавено ваков случај и ветиле дека ќе преземат соодветни мерки со цел да му се помогне.

Ова е само уште еден случај кој покажува дека надлежната министерка Мила Царовска, не води грижа за ваквите случаи низ државата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This