НА СДСМ ЌЕ МУ СЕ СЛУЧИ НАРОД: Избројани се деновите на „забревтаната машина пред зарибување“, смета Мицкоски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на СДСМ е „забревтана машина пред зарибување“ смета Мицкоски, објаснувајќи дека на оваа власт и се избројани деновите пред да и се случи, како што вели, народ. Според Мицкоски, ниту еден проект, ниту едно ветување не е остварено – наместо тоа, гледаме подем во криминалот, наместени тендери, пљачкосување на државата

„Нокаутот ќе дојде од граѓаните, и тука не треба да се биде премногу експерт или аналитичен за да се заклучи дека на оваа власт ќе и се случи народ. Едноставно е, имаме тотален хаос и неработа во секое поле. Забревтана машина која е пред зарибување, нема никакви резултати ниту напредок во било која сфера. Престана да се гради во државата, за година ипол не отпочнаа ниту еден проект, градежништвото во низа бележи двоцифрени падови, економијата е далеку под 5 осто раст каков што ветуваа пред да дојдат на власт. За година ипол не удрија камен темелник на ниту едно училиште, спортска сала, болница.“ – вели Мицкоски во интервју за Курир.мк

„Се сеќавате во кампањата за референдумот кога им велевме дајте нашите пари што ни следуваа согласно распределбата за кампања, пренаменете ги за реновирање на училиштето Кирил Пејчиновиќ во Тетово. Тогаш арогантно рекоа, не се секирајте за тоа, има пари и за него и за кампања. Еве поминаа неколку месеци таму шајка не е закована. Наследија готов проект и пари за изградба на нова Клиничка Болница, го прекинаа договорот за градба, рекоа ќе граделе нова помеѓу Бардовци и Злокуќани. Сега пред некоја недела соопштија дека сепак тоа не е добра локација, и се откажаа од градба таму. Ама штетата е направена, до сега ќе имавме карабина на новата клиничка болница за која беа обезбедени пари.“ – објаснува Мицкоски.

Мицкоски додава дека „Македонија го живее своето најцрно време“, обајснувајќи дека ако преходно државата се борела и натпреварувала за место повисоко на листата „ДуингБизнис“ сега се натпреваруваме во стапката на криминал.

„Наследија еден готов автопат Демир Капија – Смоквица, година дена им требаше да го пуштат во употреба, наследија и еден во финална фаза Скопје – Штип, но и тој го заглавија, до сега ќе беше пуштен да не го намалија интензитетот. Да не зборам за некоја коренита реформа која ја спровеле, нема такви, судството го задушија со политика обвинителството со притисоци, го менуваат името на државата, а криминалот цвета.

Македонија го живее своето најцрно време, замислете порано секоја година се натпреварувавме на листата на Дуинг бизнис, сега веќе одиме надоле, и имаме пад во рангирањето, во Македонија не се отвараат фабрики, бизнисот трпи, а гедаме единствено пресметка меѓу олигарсите за фаќање на место под криминалниот чадор на власта. Нокаутот е неизбежен, само треба да се скратат рундите, бидејќи агонијата која ја приредуваат ќе биде поголема.“ – вели Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This