НА СЕЛА МУ „ПУKHA“ ФИЛМОТ: Целиот cyдски систем може слободно да се нарече кopyмпиран

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Алијанса за Албанците реагира на последните слулувања околу најавата за утврдување на уставноста на аболицијата од поранешниот претседател Ѓорге Иванов со констатација дека судиите, обвинителите, службениците, па дури и целиот судски систем може слободно да се нарече корумпиран!

-Ова го потврдуваат последните напори на Уставниот суд, според кои треба да се измени член 11-а од Законот за помилување што му овозможува на претседателот на државата да ги повлече решенијата за помилување, односно за конкретниот случај за сите обвинети лица од прислушуваните разговори, односно, на обвинетите од предметите поднесени од Специјалното Јавно Обвинителство.

Алијансата за Албанците остро реагира на сите правни празнини што се користат за манипулација, како што се случува и со последниот случај каде се оспорува повлекувањето на помилувањето на поранешниот претседател Ѓорге Иванов.

Потсетуваме дека помилувањето во 2016 година на прво место се процени како противуставно, бидејќи лицата што Иванов реши да ги помилува не беа осудени, туку само обвинети. Врз основа на последните барања на Уставниот Суд треба да се оспори и помилувањето на Иванов исто колку и одлуката за повлекување на помилувањето што на крај имаат ист резултат.

Исто така, потсетуваме дека помилувањето беше повлечено од самиот претседател Иванов заради неуставноста и притисокот што тој го имаше од оваа причина, без разлика дали тоа доаѓаше од јавноста, меѓународниот фактор или пак експертите на оваа област!

Од ова можеме да заклучиме дека Алијансата за Албанците проценува дека помилувањето на претседателот Иванов не може да важи било неговата одлука поништена или не, од причините наведени погоре.

Алијансата за Албанците ќе ја искористи целата своја моќ за да помогне сите тие што со години измамувале и краделе луѓе, оштетувајќи го државниот буџет да бидат казнети, велат од АА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This