На сета сиромаштија ако сакате детето да учи треба да обезбедите 400 евра за компјутер

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претходно родители за своите деца купуваа тетратки, моливи, училишен прибор, а годинава поради новонастаната ситуација предизвикана од корона вирусот родителите мора да им обезбедат компјутери на своите деца за да ја следат онлајн наставата. За да може да се следи наставата на далечина потребни се ИТ-уреди кои според перфомансите чинат некаде околу 400 или и повеќе евра.

-Моето дете е петто одделение и наставата ќе ја следи од дома. Во период кога значително ни се намалени приходите на мене и на мојата сопруга ние мора да купиме нов компјутер зошто тој што го имаме не ја подржува платформата од Министерството за образование и наука. За ваков ИТ уред мораме да одвоиме некаде околу 400 евра за да му овозможиме на нашето дете да ја следи наставата од дома, вели загрижен родител.

Владата не само што не успеа да направи квалитетна платформа за следење на наставата, туку и не води сметка за тоа дека околу 40.000 ученици немаат уред за следење на образовниот процес.

Поради целата ваква ситуација продавниците за бела техника бележат значителна заработка од продажба на ИТ- уреди, а сопствениците на книжарници се жалат дека имаат драстичен пад на прометот.

-Оваа година многу се разликува од претходните години. Скоро никој не купува училишен прибор, зошто наставата ќе се следи од дома. Сето ова се одразува на нашиот приход, вели сопственик на книжарница.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This