НА СИЛА И ПОЛИТИЧКИ: Дури и сведоците на СЈО велат дека нема ништо спорно во набавката на Мерцедесот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Апсурдните и политички конструираните обвиненија на СЈО полека паѓаат во вода. Еден од предметите околу кој се крена најголема прашина, а буквално беше конструирана и цела кампања од страна на сегашната власт за оцрнување на поранешната влада на ВМРО-ДПМНЕ е предметот „Тенк“, каде обвинет за набавка на возилото Мерцедес С 600 е поранешниот премиер Груевски.

Имено паднаа во вода сите обиде на СЈО за конструкции и веќе јасно се гледаат политичките мотиви на случајот, откако и сведоците на СЈО кажаа дека нема ништо спорно во набавката на Мерцедесот.

Двајца од сведоците предложени од СЈО кои беа сослушувани на последното рочиште во Кривичниот суд во предметот „Тенк“ во кој покрај Груевски, обвинети се и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јануловска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, кажаа дека целата постапка се одвивала согласно закон предвидените услови.

Имено пред судот беа сослушани двајца сведоци, кои работат во Мак Аутостар. Пред судот двајцата сведоци изјавиле дека немале ниту пред, ниту за време на јавната набавка никакви контакти со тројцата обвинети.

Сведокот Марко Јовановски, кој бил раководител на секторот продажба во фирмата Мак аутостар изјавил дека имал контакти исклучиво со некои лица вработени во МВР и тоа откако завршила постапката, односно јавната набавка. Овие лица биле упатени на обуки за користење на блиндираното возило. Заклучно со вчера сите сведоци кои сведочеле до сега изјавиле дека оваа постапка за набавка на службеното возило била спроведени нормално како секоја претходна јавна набавка.

Претходно пред судот сведочеше и Слободанчо Станков, виш советник во МВР за јавни набавки, пред судот сведочеше дека набавката на автомобилот се спровела според годишниот план за јавна набавка согласно Законот.

На рочиштето пак кое се одржа на 15 март, а на кое беа сослупшани сведоците на СЈО, Киро Тодоровски, поранешен вработен во МВР и Силвана Трпова, сеуште вработена во МВР, исто така беше кажано дека постапката била согласно закон, односно дека во неа биле испочитувани сите законски предуслови.

– Лично сметам дека по однос на работната комисија во која и јас бев член, запазени се сите постапки процедури и критериуми за време на јавната набавка на возилото Мерцедес С 600. Беше отворена единствената понуда која ги содржеше сите неопходни елементи, изготвен записник со предлог за набавка, кажа сведокот, изјави сведокот Тодоровски.
Силвана Трпова, пак на истото рочиште рече дека постапиле според планот за набавка како и за секоја набавка преку јавен тендер.

– Бев член на комисијата во 2012 година и присуствував во отварањето на понудата. Понатаму понудата ја преземаа колега одговорни за избор на компанијата за продажба на возила, рече Таа.

Никола Груевски вчера пред почетокот на рочиштето во кратка изјава кажа дека до сега се испрашани 12 сведоци, од кои 2 изјавиле дека не работеле на овој предмет кога се набавувало службеното возило, другите 10 сведоци потврдиле дека се што било работено било согласно законските процедури без влијание од никој висок функционер во неговата влада.

Од досегашниот тек на процесот едно е јасно, станува збор за политички конструирано обвиниение, кое нема врска со правото, туку служи за легитимирање на негативната кампања која беше спроведена од СДСМ додека беше опозиција, во врска со мерцедесот. Сепак како одминуваат рочиштата се потврдува дека целата кампања, како и целиот случај се чиста политичка конструкција за рушење на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ кое беше спроведено. Тоа е очигледно и од фактот што за прв пат во историјата на македонското судство се закажуваат шест рочишта едно по друго за еден ист предмет.

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This