На сите 120 вработени им дал минимална плата од 70.000 годишно

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Повисока плата за вработените не значи помал профит за сопственикот. Потегот на американскиот претприемач Ден Прајс кој пред 5 години реши да ја зголеми минималната плата во неговата компанија на 70.000 долари е прав доказ за тоа дека инвестицијата во почитуван и ценет вработен е клучот за успехот на секој бизнис!

Ден Прајс е сопственик на компанија во Сиетл кој пред пет години реши ниеден од 120 вработени во неговата компанија да нема плата помала од 70.000 долари годишно. Таа одлука му ја намалила неговата лична заштеда во износ од милион долари, но ја донесол затоа што од пример на своја пријателка сфатил дека многу вработени се борат да преживеат со помала плата, мора да работат две работи и тешко успеваат да си купат сопствен дом.

На 31 година тој веќе бил милионер и неговата компанија Gravity Payments, која ја основал кога бил тинејџер, имала повеќе од 2.000 клиенти и вредела милиони долари. За на секој вработен да му даде годишна плата од минимум 70.000 долари тој морал да поднесе финансиска жртва, па освен што заштедата му се намалила за милион долари, морал да ги стави под хипотека своите две куќи и да се откаже од акции.

Овој негов потег е вреден за почит, а пет години подоцна ова се резултатите од неговата одлука. Бројот на вработени му се дуплирал, заработката му се зголемила од 3,8 милијарди долари на 10,2 милијарди долари. Но, има и други бројки со кои се гордее.

Пред воведувањето на минималната плата од 70.000 долари годишно имале од 0 до 2 новороденчиња годишно, а за четири години се родиле 40 бебиња. Секој десетти вработе може да си купи кров над глава, а претходно тој процент бил помал од 1%.

Износот кој вработените доброволно го одвојуваат во своите пензиски фондови е дуплиран, а 70% од вработените велат дека ги отплатиле долговите. Она што со бројки не може да се измери, а секако еден од ефектите е мотивираноста на вработените затоа што сега цело време додека работат не мислат на тоа каде да заработат повеќе пари.

Некои од вработените се посветиле на своето здравје, почнале редовно да вежбаат и го изгубиле вишокот килограми.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This