НА СРЕДБА СО АМБАСАДОРОТ: Џафери и Ал-Махмод договорија поголема соработка меѓу Македонија и Катар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Соработката меѓу Македонија и Катар, особено на планот на унапредување и интензивирање на економската и трговската соработка биле тема на средбата на претседателот на Собранието, Талат Џафери со в.д. катарскиот амбасадор Хамад Јасим Ал-Махмод.

Како што соопшти собраниската прес-служба, Џафери изрази надеж дека соработката и односите меѓу двете страни ќе се продлабочуваат, особено економската соработка, и во таа насока, се додава, упати апел до бизнисмените и стопанските комори на двете земји да продолжат да комуницираат интензивно и во наредниот период.

Според него, посетата на бизнисмените и инвеститорите од Катар, реализирана во 2015-та година е доста корисна и значајна за нас, сѐ со цел да се видат предностите за инвестирање во нашата држава.

– Претседателот Џафери изрази особено задоволство што со Катар е воспоставена директна авионска линија, што овозможува подобра и побрза комуникација меѓу граѓаните на двете земји, исто така и за дипломатските односи на резидентна основа, претставени со амбасадите во двете земји, а секако, дека големо олеснување претставува и укинувањето на визниот режим за нашите граѓани кои патуваат во Катар. – се посочува во соопштението.
Вршителот на должност амбасадор Ал-Махмод, пак, се нагласува, се заблагодари за средбата со претседателот на Собранието, како и за можноста да разменат мислења и предлози околу понатамошната соработка, и изрази уверување дека за време на неговиот мандат, ќе помогне и ќе даде свој придонес во интензивирањето и зајакнувањето на соработката, како на политички, така и на економски план.

Амбасадорот го информирал Џафери дека во наредниот период, во Катар, ќе се реализира средба со заменикот министер за надворешни работи на нашата држава, на која ќе се прецизираат и потпишат сите преостанати договори кои се предвидени и кои ќе овозможат посилна и поинтензивна комуникација во повеќе области.

Двајцата соговорници се согласија дека меѓусебната комуникација ќе продолжи да се интензивира и во иднина, стои во соопштението.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This