НА СРПСКИТЕ ПАТАРИНИ СМЕ БЈРМ: Македонското МНР побара корекција на името

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за надворешни работи на Република Македонија (МНР) по дипломатски пат побара итна корекција на именувањето на Република Македонија од страна на државните органи во Република Србија.

zname-640x294

Реакцијата следи по појавата на именување на Република Македонија со референцата и кратенката од референцата на патарините во Република Србија.

– Користењето на референцата и кратенката од референцата наместо уставното име на Република Македонија е во спротивност со воспоставените дипломатски односи меѓу Република Македонија и Република Србија. Оваа недоследност треба веднаш да биде корегирана. Веруваме дека ваквата провокација која ги навредува чувствата на македонските граѓани не е одраз на добрососедство. Несоодветно и срамно е да се именуваме на навредлив начин помеѓу соседи, истакнуваат од МНР.

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This