March 29, 2024, 11:19 am

НА ТРАМП И МАКРОН ИМ СЕ ИСУШИ ДРВОТО : Го засадија со златни лопати додека нивните сопруги гледаа, ама ништо..

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Францускиот претседател за време на државната посета на Вашингтон во април минатата година, му даде млад даб на американскиот претседател.

Дрвото на пријателството што го засадија во Вашингтон американскиот претседател Доналд Трамп и францускиот, Емануел Макрон, се исуши по нешто повеќе од една година.

Францускиот претседател за време на државната посета на Вашингтон во април минатата година, му даде млад даб на американскиот претседател, а фотографиите од моментот кога двајцата политичари го засадија дрвцето со златни лопати, додека нивните сопруги гледаат, беа апсолутен хит на интернет.

Интересно е тоа што сушењето на стеблото се одвиваше паралелно со континуираното влошување на односите меѓу двајцата претседатели. Трамп и Макрон се појавија минатата седмица со свои говори на одбележувањето на 75-годишнината од денот „Д“ во Франција.

На свеченоста и претходеа низа несогласувања меѓу нив по прашањата околу трговијата и иранскиот нуклеарен договор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This