НА ТРОЈЦА КОМИТИ, ЕДЕН КОДОШ: Кој сака да го киднапира движењето #Бојкотирам и да го задуши отпорот против промена на името?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Знаете ли што е еден Македонец- комита, знаете ли што се двајца Македонци- комита и војвода, а знаете ли што се тројца Македонци- комита, војвода и кодош. Оваа приказна за жал е реалната слика за свеста на Македонецот и во овие тешки моменти за државата кога Македонија се наоѓа во пред реалната можност повторно да биде избришана од светските мапи, а македонскиот народ да стане уште еден од многуте народи во светот без своја држава. Оваа особина со векови фрлала дамка врз македонската историја, но да се вратиме во денешницата и огромните предизвици кои таа ги носи за нашата држава Македонија.

Скриншот „До Балчак“

Одлуката за бојкот на референдумо се чини како единствено правилно решение за спас на македонизмот, државата, јазикот и идентитетот, за одбрана на македонските малцинства во соседството, но многумина ова во суштина егзистенцијално прашање го исполитизираа до максимум и искористија за собирање на дневно политички поени. Токму вчера јавноста беше сведок на уште еден обид да се исполитизира народното движење #Бојкотирам, вчера 30 организации, но за жал и некои маргинални политички партии потпишаа Меморандум за соработка со цел успешен бојкот на референдумот.

Класичен пример за служењето на внатрепартиските интереси беше вчерашниот настан и забраната за влез на наши новинари при потпишувањето на Меморандумот само поради политички причини иако нашиот медиум безброј пати ја покажал својата лојалност кон нашите читатели, но пред се државата и народот. На настанот не беше поканет нашиот медиум, а кога на лице место се појави нашиот репортер му беше забрането да присуствува. Нашиот медиум не беше поканет, но затоа беа поканети низа провладини медиуми, кои со месеци тераат пропаганда за промена на името кои сега го испинуваа целиот настан и ги обвинија сите присутни за ширење на националистички, навредливи и анти-албански пораки, а целта за бојкот на референдумот воопшто и не ја споменаа.

И сега доаѓаме до вистинското прашање кој меѓу нас не е наш? Односно кој меѓу вас не е ваш? Кому му одговара целосно да се извалка чистиот изблик на емоции наречен #Бојкот на референдумот и спас на Македонија, кому му одговара да пропадне движењето #Бојкотирам. Ако се вратиме на првиот пасус и првата реченица, јасно е дека е третиот!!! Јасно е дека во 30-те организации и политички партии има уфрлени играчи кои се тука да направат се за референдумот да помине и да се обезличи Македонија. Со мала и кратка анализа како и едуцирана претпоставка лесно можеме да претспоставиме кои се луѓето кои само декларативно работат за Македонија и движењето #Бојкотирам.


Првиот осомничен е се разбира познатиот соработник на тајните служби, удбашот Јанко Бачев. Бачев за време на владеењето на досега невиден режим во Македонија од падот на комунизмот, успеа да се качи на полициски хермелин, а притоа полицијата да го моли да се симне и да нема никакви последици за него. Тој успеа да помине неказнет за ова дело во време кога вистинските патриоти и Македонци се гонат за кажан збор на социјалните мрежи и за исвиркување на владини функционери. Мошне неверојатна приказна. Бачев е довчерашен сопартиец со Саше Ивановски попознат како Политико кој во овие моменти важи за еден од најстрасните поддржувачи на Заев и СДСМ и е единствениот човек во Македонија кој ја дели визијата со премиерот дека тој е месија испратен од господ. Притоа при масовните протести пред собранието против промена на името, протести за заштита на државата, тој се појави со знаме на туѓа држава не земајќи во предвид за која станува збор и успеа да го извалка и тој изблик на патриотизам.

Сомнителен е и случајот со Филип Петровски кој само неколку недели пред повторно да и го сврти грбот на својата матична партија ВМРО-ДПМНЕ во медиумите блиски до власта беше обвинуван дека направил милионска проневера во државната институција со која раководеше. Имено во медиумите протекоа информации дека постоеле индиции дека тој направил проневера со поврзан со кирии за време на неговото директорување во државниот архив, вести кои сега никако не можат да се најдат на интернет пребарувачите. Очигледно станува збор за уценет човек лично од Зоран Заев кој отворено работи против својата партија и државата, човек кој во моменти кога Македонија е пред распад се бори за гола власта и поголемиот дел од своето време го користи за критика кон најголемата опозициска партија, наместо кон Заев.

Дали има потреба да се коментираат Олумчев и Кекеновски? Веќе е јасно дека станува за луѓе кои свират како ќе им кажат, а дали е едно копче кое ги притиска или се повеќе како на хармониката на Јове не сме сигурни.

И најдоброто за крај, освестен комунист. Па да бил свесен немало да биде комунист на прво место. Љупчо Палевски е уште еден од многуте кои се појавија од нигде и никаде, како на копче да солат памет и да собираат политички поени. Да фарбаат Геровци и да пукаат по мртви Германци на социјалните мрежи, а да бранат ликови како Зоран Верушевски величејќи ги во големи херои. Да глумат русофили и американофоби, без притоа да објаснат зашто се појавуваат сега. Човекот кој бил носител на висока партиска функција во СДСМ во време кога Киро Глигоров за прв пат го продаде името не е за  очекување сега кога Заев по втор пат го продава да го штити. Знаете како е старата поговорка, ме заеба еднаш срам да ми е, ме заеба втор пат срам да ти е.

Нашиот портал и официјално застанува на страната на граѓаните и читателите и апсолутно се солидаризира, ИНФОМАКС #Бојкотира. На мудар и итар народ како што е македонскиот не му треба некој да го поведе, тој сам ќе се крене, бидејќи историјата го научила доволно, а немањето лидер е шанса да се убие проклетството на Комита, Војвода и Кодош.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This