April 19, 2024, 11:31 pm

НА ФЕЈСБУК СЕ ФАЛАТ ДЕКА ДЕЛАТ ПАРИ ЗА ГЛАСОВИ, НИКОЈ НЕ РЕАГИРА: Комунистичката хунта дели пари за глас во Ранковце но и цела Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владеачката СДСМ продолжува грубо да го прекршува изборниот законик, а за тоа нивни членови дури се фалат и на социјалните мрежи. Членство на СДСМ од Ранковце на Фејсбук објавија фотографии каде се фотографирани со куп пари и партиски обележја на владеачката партија. Министерството за внатрешни работи, предводено од потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски, како и за сите досегашни случки во кампањата, од кои дел и крвави, молчи и не регира, пишува порталот Денешен.

Од фотографиите до кои дојде редакцијата на Денешен, јасно се гледа членови на СДСМ на Фејсбук се фалат со пари кои се спремни за изборен поткуп.

Од МВР и за овој случај нема никаква реакција, граѓаните гласно коментираат дека место сервис на граѓаните, полицијата станува партиски сервис на Зоран Заев и СДСМ, што може да се види во текот на целата кампања.

Инаку ова не е прв, ниту единствен скандал приреден од страна на владеачката партија во предизборниот период, скандалите се секојдневни и граѓаните со зачудување прашуваат како досега нема ниту еден случај отворен од страна на полицијата и Јавното обвинителство. За само девет дена од кампањата се случија десетина големи инциденти.

Искршени беа штабови на партиите, а најчесто на удар се опозициските партии. Искршени се штабови на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода, Битола, демолиран штаб на Демократската партија на Србите која е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, а искршен беше и штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Битола. На удар беше и опозициската партија во албанскиот блок, БЕСА, во текот на викендов демолиран беше нивниот штаб во Бутел.

Притисок голем се прави и врз кандидатите за градоначалници. Кандидатот за градоначалник на Кавадарци Митко Јанчев без било каква причина бил застанат и малтретиран од страна на претставници на МВР, а досега никој за жал не е санкциониран поради тој настан. Во Прилеп, кандидатот за градоначалник од СДСМ, заедно со пратеничката на СДСМ од Прилеп и директорот на Центарот за социјални работи, организирано делеа зејтин и останати намирници меѓу граѓаните. Во Ресен директорката на Центарот за социјални работи им се заканувала на станарите во социјалните згради дека ако не гласаат на СДСМ, треба да си ги пакуваат куферите.

Грубо прекршување на изборниот законик имаме и во Крушево, каде беше обелоденет скандал со сеча на огревно дрво, кое подоцна беше делено на граѓаните пред штабот на СДСМ во градот, секако, барајќи гласови за возврат. Претседателот на Општинската Изборна Комисија во Кисела Вода, и Кратово наместо организирање на избори одат и агитираат во кампањата на СДСМ, што исто така претставува грубо кршење на законот.

Покрај овие груби прекршувања на изборниот законик, во овој период сме сведоци и на крвави сцени кои им се случуваат на кандидати советници и градоначалници.

Последниот пример е претепување на кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари, Елвис Бајрам. Тој заедно со уште едно лице кое било со него бил крвнички претепан со метални и дрвени прачки.

 

Во животна опасност во Кичево беше доведен и носителот на советничка листа, Алит Абази, кој беше ранет од огнено оружје.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека имаме флагрантно мешање на партијата и државата. Од таму велат дека министерката за труд и социјална политика се вклучи во изборите и ги лаже граѓаните дека ќе изгради градинка, а по којзнае којпат министерот за земјоделие Љупчо Николоски иако реално ги намали субвенциите на двеипол недели пред изборите ветува дека ќе се дале субвенции.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат и дека Куманово е преплавено со партиска полиција, која во последните четири месеци Оливер Спасовски ја стави во функција на СДСМ, а цело СВР Тетово е на партиски состаноци во Мала Речица за што има и фотографии од тоа.

-Се случува организирана политичка хајка против кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ. На само ден по објавување на кандидатурите се почна со објавување на измислени кривични пријави за измислени дела. Па така се поднесоа пријави против градоначалниците на Крива Паланка само затоа што организирал превоз на ученици од социјално ранливи семејства, за надоместок помал од 3 илјади евра, за градоначалникот на Велес затоа што ставил точка на дневен ред пред повеќе од 5 години на советот на општина Велес, за градоначалникот на Прилеп затоа што не ја осигурал општиската зграда од нагрдувањето извршено од шарените платеници, додека тие сега слободно шетаат низ градот, извршен е упад во исто време во општината и фирмата на градоначалникот на Вевчани, измислени пријави добија и градоначалниците на Кавадарци, Ново Село и Штип затоа тоа што направил пристапен пат до фабрика која е странска инвестиција и која што вработува стотици штипјани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните чувствуваат разочараност и гнев од неодговорноста на полицијата и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, тие велат дека тој полицијата ја претворил во партиска испостава на СДСМ, која одработува само за потребите на владеачката партија. Експертската јавност е едногласна дека со волку инциденти за време на предизборна кампања, а ниту еден разрешен случај, министерот би требало веднаш да си поднесе оставка.

9 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This