НА ПОВИДОК НОВ КPИMИHАЛ:На Цветен пазар нешто cмpди, закупците утре на пладне ќе пpотестираат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Цвеќарите на Цветниот пазар во Капиштец, утре, во 12 часот ќе протестираат. Како што дознаваме, на закупците на 16. цвеќарници им истекуваат договорите и како што велат, им било речено дека за да и натаму останат закупци ќе мораат да се пријават за јавно наддавање.

Она што тие го бараат е само да си ги продолжат договорите за закуп бидејќи преку јавно наддавање не им е сигурно дека повторно ќе ги добијат цвеќарниците во кои сега работат.

Велат дека многу изгубиле кога во 2011 година ги дислоцираа од стариот цветен пазар спроти „Макпетрол“ на сегашната локација и таман почнале да „живуркаат“, некој сака повторно да ги вознемирува.

Шеснаесетте куќарки беа свечено пуштени во употреба на 25 октомври 2011 година. Нивната изградба чинеше околу 3 милиони денари, износ што беше финансиран од закупците, што се одбиваше неколку години од закупнината што ја плаќаа за наем на просторот што го користат.

Со Цветниот пазар стопанисува јавното претпријатие „Паркови и зеленило“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This