НА ЧИЈА СТРАНА ЌЕ БИДЕ РУСИЈА: Ако Иран го нападне Израел, Русија ќе застане на страната на Тел Авив

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Русија ќе биде на страна на Израел ако Иран го нападне, изјави во интервју за „Тајмс оф Израел“ заменик рускиот амбасадор во Тел Авив Леонид Фролов


Рускиот дипломат ветил дека Москва ќе го поддржи Тел Авив и тоа неколку дена по инцидентот со дронот на сириско-израелската граница.

„Во случај на агресија против Израел, не само што САД ќе биде на страната на Израел, туку и Русија ќе биде со израел. Многу наши сонародници живеат овде, Израел е генерално пријателска земја и нема да дозволиме никаква агресија против Израел“, изјави дипломатот.

Фролов изрази сомнеж дека дронот кој долетал од Сирија во Израел бил ирански, предложувајќи им на израелските специјални служби да воспостават контакти со сириските колеги.

Израелската војска соопшти дека иранското беспилотно летало влегло во воздушниот простор на земјата од Сирија, поради што биле нападнати „ирански цели“ на територија на соседната земја.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This