НА ШТО МИРИСА ВСЕЛЕНАТА: На скара и на дизел

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вселената мириса на автомобилска трка – комбинација на жежок метал, гасови од согорување на дизел, чад од скара, а изворот на ваквите мириси се ѕвездите што умираат, тврдат научниците.

Нуспроизвод од нивното согорување се соединенијата наречени полициклични ароматични јаглеводороди.

– Овие се молекули што се наоѓаат во целата вселена – вели Луис Аламандола, основач и директор на лабораторијата за астрофизика и астрохемија во истражувачкиот центар на НАСА, Амес.

Овие јаглеводороди се наведени дури и како можна основа за најраните облици на живот на Земјата. Затоа не изненадува фактот дека овие полициклични ароматски јаглеводороди можат да се најдат во јаглен, нафта па дури и во храна.

Иако за луѓето е невозможно да дишат во вселената за да го почувствуваат тој мирис, станува збор за вакуум, на пример, астронаутите излегуваат од меѓународната вселенска станица, а притоа честичките што се наоѓаат во вселената им се лепи за костумот, па кога ќе се вратата назад ја чувствуваат миризбата.

– Такво нешто никогаш не успеав да помирисам, но знам дека на таа арома ќе се сеќавам цел живот – изјавил астронаутот Кевин Форд во орбитата во 2009 година.

Мирисот на вселената е толку изразен што пред три години НАСА побара од Стивен Пирс, човекот од компанијата што се занимава со производство на мирис, „Омега Ингридианс“, да создаде мирис што ќе користи за обука на новите астронаути.

– Неодамна го направивме мирисот на Месечината, а астронаутите го споредија со барут – вели Пирс.

Аламандола објасни дека нашиот сончев систем е особено ароматичен, бидејќи е полн со јаглерод, а има и малку кислород.

– Многу слично како во автомобил, ако нема доволно кислород, почнуваат да се појавуваат саѓи и се чувствува смрдеа – пишува „Попјулар сајнс“ и се додава дека ѕвездите богати со кислород имаат арома која потсетува на скара на жар.

Надвор од нашата галаксија, мирисите можат да бидат доста интересни. Во мрачните делови на вселената, молекуларните облаци потсетуваат на палета од мириси, од сладок шеќер, па се` до мирис на расипани јајца

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This