April 27, 2024, 12:51 am

НА 11-ТИ ПОБЕДУВА МАКЕДОНИЈА: На 11 декември ќе победи Македонија, оваа политичка гарнитура ги обединува и работи за сите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Две ипол манипулации игри за да на крајот видиме што била идејата, планот договорот. Овој народ нема да го дозволи тоа. Во недела на 11 декември народот громогласно ќе даде поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција. На 11 декември ќе победи Македонија, ќе победат граѓаните кои две ипол години се лажени од страна на Зоран Заев и за фантомите и за сите манипулации. На 11 декември ќе заврши оваа игра која некој му ја дал на Зоран Заев да ја изигра. На 11 народот народот ќе им прати порака и на Заев и на сценаристите дека овој народ одлучува кој ќе победи и кој ќе биде премир, истакна вечерва во Куманово лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во четвртата изборна единица Никола Груевски.

 

nikola-gruevski-kumanovo-640x357

-Значајно е не само да се победи туку и да не се продолжи со кризата, потребни се 63 мандати кои ќе осигураат дека кризата нема да продолжи. Напред во правец на членство во НАТО и ЕУ тоа е нашата стратешка определба. Напред во натамошно зајакнување на економијата, отворање на нови работни места. Во следни четири години очекуваме отворање на нови 70.000 работни места во Македонија. Ова е политичка гарнитура која ги обедува сите, се бори за сите, се грижи за сите и се грижи за заедничките државни и национални интереси, посочи Груевски.

Тој додаде дека народот на 11 декември како никогаш досега ќе ги казни СДСМ и Заев.

-Народот ќе гласа за опцијата која нуди сувереност, унитарност, цврстина на Македонија и која економски ќе зајакнува. Држава која ќе ги зголеми субвенциите, пензиите, социјалната помош, платите во јавен сектор, сите економски параметри се очекува да се зајакнуваат. Затоа СДСМ на 11 декември ќе го претрпат десетиот изборен пораз по ред, потенцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This