НА 11-ТИ СЛЕДИ ГРОМОГЛАСНА КАЗНА: На 11-ти декември следува најголемиот 10-ти по ред громогласен одговор на народот кој ќе ја казни СДСМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сега на 11 ти декември следува најголемиот десетти по ред громогласен одговор на народот кој ќе ја казни СДСМ за сета деструкција и сета конфликтност, за сите пропуштени шанси, за целата мачнина која ја предизвика, за целото поигрување со иднината на граѓаните, со иднината на овој народ и со иднината на нашите деца, зијави на митингот во Неготино лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

gruevski-negotino
-Сакам да се обратам и до неопределените, знаеме дека треба да се работи многу и дека многу грешки треба да се исправат. Оваа криза и нас не’ промени и не’ направи посилни, но и посовесни за многу работи. Сакам да ве замолам, пред да заокружите на овие избори да си поставите неколку прашања. Кој држи повеќе до зборот, јас или Зоран Заев, кој работи повеќе, имаме истории сите зад нас, сме биле и едните и другите на власт. Треба само да се потсетите, кој работи повеќе, ние ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ, кој подобро може да се справи со економските предизвици, да отвори нови работни места, јас или Зоран Заев. Кој има реална и одржлива програма, а кој дава лажни ветувања, ние или СДСМ. Кој подобро ќе ги штити интересите на државата, ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ. Споредете не’ и одлучете со кого мислите дека ќе биде подобро. Вие знаете што е подобро и за вас и за Македонија, послушајте си го чувството во себе, ја гледате јасно оваа измама која и ја скроија на државата, ова сценарио во кое не’ втурнаа, се’ е јасно и изборот е јасен. Вие ја сакате Макеоднија, ние го знаеме тоа и знаеме дека ќе го направите вистинскиот избор, рече Груевски.

Груевски рече дека гледа како Заев кажува како пенкалото на животот на 11-ти декември ќе било во рацете на народот, а тој не знае дека тоа пенкало веќе му припаѓа на народот, сите изминати години и не само што е во сопственост на народот, туку тоа пишува и заокружува девет изборни победи на ВМРО-ДПМНЕ и девет порази на СДСМ.

-Сега на 11 ти декември следува најголемиот десетти по ред громогласен одговор на народот кој ќе ја казни СДСМ за сета деструкција и сета конфликтност, за сите пропуштени шанси, за целата мачнина која ја предизвика, за целото поигрување со иднината на граѓаните, со иднината на овој народ и со иднината на нашите деца, рече Груевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This