НА 16 ГОДИНИ ЗАВРШИЛА ВО РУСКИ ЗАТВОР ПОРАДИ ДРОГА: Потоа се појавил тој и сега живее живот од бајка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Руската убавица Елена Перминова на прв поглед има се`. Омажена е за руски милијардер, има три деца, гардеробер преполн со дизајнерски парчиња, вила во Лондон, таа е успешна манекенка… Сепак, оваа заносна убавица за која секогаш е резервирано првото место на секоја престижна ревија, го поминала детството во беда, а на 16 години доживеала вистински хорор.

7y14Y-n1-03-elena-perminova-zivot-od-bajka-123

Кога имала 16 години Елена одлучила да го напушти семејниот дом во Новосибирск, но набрзо западнала во проблеми. Се вљубила во значително постар маж поради кој почнала да продава екстази во клубови. После некое време била уапсена, а иако соработувала со полицијата, не и` гарантирале никаква заштита.

Тогаш се појавил нејзиниот принц на бел коњ…

 

„Полицијата ја обвинила дека учествувала во организација на трговија со дрога, а дилерот кого го издала и` се заканувал со смрт. Во рускиот правен систем не постои спогодба со доушници ниту заштита на сведоци, па била осудена на шест години затвор. Јас во тој момент работев на кампањата за донесување закон за заштита на сведоци и нејзиниот татко ми испрати писмо. Ги запознав него и Елена, а почнавме да се забавуваме неколку години подоцна“, изјавил своевремено сегашниот сопруг на Елена, поранешен агент на КГБ и руски милијардер, филантроп и медиумски магнат Александар Лебедев.

 

Елена набрзо станала модел и од „Пејбој“ брзо стигнала до престижните настани, првиот ред на најголемите ревии и кампањите за најлуксузните модни куќи.

Откако ги завршила студиите на московскиот економски факултет Елена запловила во модниот свет во кој совршено се снашла, но му се посветила и на сопругот и семејството.

 

Со 30 години оваа модна икона има поинакви приоритети, а тоа се нејзините три деца со кои го поминува секој слободен момент.

Елена секако е една од оние жени кои зрачат со елеганција и стил кој никој не може да им го одземе. Нејзиниот стандард е добар благодарение на нејзиниот сопруг, но сите знаеме дека одличниот стил не можат да го купат ниедни пари на овој свет.

 

Мирниот семеен живот го држи подалеку од новинарите, а иако злобните јазици ја нарекуваат најголемата „руска спонзоруша“, Елена не пропушта прилика да напомене дека Александар е нејзината најголема љубов, нејзин спасител и ангел чувар.

Оваа модерна Пепелашка навистина живее живот од бајките.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This