НА 80 ГОДИНИ ИЗГЛЕДА КАКО ДА ИМА 50 И НОСИ БИКИНИ: Мотивирачка приказна на Филомена Варихај

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Има 80 години и четири деца, а изгледа 30 години помладо. Филомена Варихај од Пенсилванија, САД, кога се релаксира на базен или оди на плажа, гордо носи бикини и изгледа одлично.

„Секое утро се будам со цел и со причина. Бев благословена со енергијата, со талентот и со желбата да им помогнам на другите да бидат сѐ што ќе посакаат и многу сум благодарна на тоа“, вели Филомена.

Таа е автор на неколку мотивирачки книги, а во новата, „Тајните на најздравите луѓе на светот“, вели дека постојат три клучни тајни кои ја одржале во добра форма. Еве ги нејзините три тајни:

1. Начин на исхрана 70-20-10

Тоа значи дека 70 проценти од калориите кои ги внесуваме се од овошјето, зеленчукот и житарките, 20 проценти од протеините како што се пилешкото и рибата и 10 проценти од мастите. Потребно е многу време и трпение околу подготовката на храната, што е предизвик, но вреди, секоја минута помината во кујна.

2. Трчајте

Мојата средна ќерка доби стипендија за спортисти, а кога го доби распоредот за тренинзите пред две години, виде дека тој вклучува трчање три милји (пет километри), три дена во неделата. Ми рече: „Мама, сакаш ли да трчаш со мене?“ Како можам да ѝ одговорам не?

По некое време, бев во толку добра кондиција што се пријавив на маратон. Прво трчав пет километри, а потоа, во периодот од 40 до 75 години по секоја трка освојував златен медал. Коавторот на мојата книга, доктор Стив Боуерс, вели дека за вежбање треба да се постави цел.

3. Бидете благодарни

Секој ден на еден лист пишувам за што сум благодарна и сите листови , скеој ден ги тавам во една голема тегла каде што ги чувам благодарниците.

Врската на умот и на телото е исто така многу важна. Тоа исто така може да ви помогне да останете во форма, колку да можете гордо да носите бикини, како јас на 80 години“, ја објасни Филомена својата тајна.

„Кога сме благодарни, попозитивни сме и посреќни со себе, а тоа го олеснува губитокот на тежината и одржувањето на постоечката тежина ако е здрава“, додава доктор Бауерс, коавторот на книгата на Филомена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This