На cpпcки миниcтep мy ce cлoши зa вpeмe нa paбoтeн нacтaн

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Томислав Момировиќ денес му се слоши на градилиште, по што итно беше опериран во болницата во Ужице, јави дописникот на МИА од Белград.

Момировиќ имал напад на слепо црево, кое било пред пукање, а околу 14 часот бил примен на хируршкото одделение на болницата во Ужице, по што е итно опериран и сега заздравува.

Министерот Момировиќ денеска беше во посета на работите на тунелот Лаз, на трасата на идниот автопат од Прељина до Пожега.

За време на обиколката на работите, Момировиќ беше видно блед. Тој се пожали на неподносливи болки во пределот на стомакот и слабост, но не ги прекина работните обврски, туку отиде на обиколка на тунелот Лаз и општина Пожега.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This