Наyчницитe oткpиja нoв cимптoм нa Koвид-19, мoжe дa тpae co мeceци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сè почест симптом што го пријавуваат пациентите со Kовид-19 се промени на кожата, како и отоци на прстите. Црвените и виолетовите плускавци обично се појавуваат во период од четири недели по заразата со коронавирусот, а се покажа дека и температурата влијае на нивната појава.

– Постои група пациенти кај кои, кога ќе заболат од ковид-19, доаѓа до воспаление на прстите на ногата, кои стануваат црвени и отекуваат, а на крајот добиваат и виолетова боја. Во повеќето случаи, тоа трае околу 15 дена, но имаме и случаи кога овие симптоми траат еден или два месеца. Кај некои пациенти трае и 150 дена – изјавила д-р Естер Фримен.

Тим истражувачи од „Студијата за симптоми на КОВИД“ испитале 12.000 луѓе, кои имале осипи на кожата (вклучувајќи ги и овие промени на прстите на рацете и нозете) за да утврдат дали станува збор за уште еден симптом на ковид-19.

Испитаниците додале и дека овие нодули (чворови) и промени на кожата можат да бидат болни, но дека најчесто не чешаат, како и дека тие често предизвикуваат лупење на површинските слоеви на кожата.

Таканаречените „ковид прсти“ спаѓаат во сè почестиот симптом на зараза со коронавирусот. Обично се јавува кај деца и млади луѓе со некое хронично заболување, а како што веќе беше кажано, забележано е дека се манифестира дури по неколку недели од заразата со ковид-19. Овој симптом воопшто не е редок, регистриран е кај околу половина од заразените.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This