March 29, 2024, 11:16 am

„НЕБИТЕН СИ КО СЕМАФОР У ВАЛАНДОВО“: „Дечко на конобарите кај тебе у кафана не моеш да си им фактор а не па во ВМРО“ – членовите до Тодоров!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Екс-министерот за образование и член на највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ, кој беше исклучен од партијата поради делување спротивно на статутот на партијата и конгресните документи, како и поради колаборирање со СДСМ, денес се обиде да го искоментира завчерашното интерјву на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски за СителТВ


Во свој добро познат стил, арогантно, Тодоров му порача на Мицкоски дека „ВМРО-ДПМНЕ мора да победи“ и дека „партијата никогаш не губи“, иако Никола Тодоров е единствениот претседател на Републички изборен штаб на партијата (РИШ) кој загубил избори од 2006 до 2017 година, кога со катастрофални резултати ги загуби сите општини.

Тодоров беше обвинет и дека го украл системот за агитирање од партијата, и го предал во противничката СДСМ по налог на силен меѓународен фактор. На ова, претпоставуваат и лица упатени во партијата мислел Груевски кога зборувал за „ножиња во грб“, на Конгресот во Валандово.

Екс-вицепремиерот се обиде да дели и наредби, па на Мицковски му порача да „пакува куферите“. Ваквите ставови на Тодоров наидоа на остри реакции од граѓаните кои го испратија „да се слика“.

„Дечко на конобарите кај тебе у кафана не моеш да си им фактор а не па во Вмро. Твоето заврши одамна…. Колку и да пробуеш да кењаш, времињата на дефокус поминаа. Светлото на твојата политичка кариера е одамна изгасено, сега си само една обична маша за уцени. Маша која Заев умешно ја држи во раце. Имаша иднина, моеше да бидеш Полковник, наместо тоа ти сега си Покојник. Збогум!!!“ – му напиша Кристијан Јандриоски во коментар, кој собра повеќе поддршка отколку статусот на Тодоров.

Реагираше и политичкиот аналитичар Александар Пандов, кој кратко напиша „Но комент“.

Ваквиот однос на Тодоров го искоментира и Тони Михајловски, кој напиша дека екс-министерот за здравство е „небитен ко семафор у Валандово“.

Тодорв важи за човек близок до Сашо Мијалков, и еден од групата која учествувала во врбувањето на осумината пратеници кои гласаа за уставни измени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This