Небото над источна Русија денес „не е за летање“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Руски противвоздушни ракетни системи С-300В4 се распоредени на Курилските острови, објави прес-службата на Источниот воен округ (ИВО).
Командантот на округот Генадиј Жидко, лично ја извршувал инспекцијата на воените сили и истовремено ја пофали кохерентноста на системот и на дежурните сили за време на обуката за вежбање акции по добивањето на сигналот за кршење на воздушните граници на Руската Федерација на Курилските острови.

Системите С-300В4 (С-300ВМД) се четврта модернизирана верзија на современи високопрецизни системи за противвоздушна одбрана и се дизајнирани да ги штитат важните објекти од напади со балистички и други аеродинамички средства од воздухот (авиони, крстосувачки проектили, дронови и др.). Се работи за мобилен систем поставен на гасенични платформи, кој единствено го поседува Русија и не е извезуван во други држави. Во системот влегуваат команден центар, лансер за антибалистички проектили, лансер за брзоцелни проектили, три различни радарски системи за набљудување, нишански и аквизиционен борбен радар, и истиот е составен дел на комплексниот систем С-500. Во содејство со другите системи врши размена на податоци со други борбени системи на ПВО во командна или потчинетта форма, односно истиот врши херметичко затворање на воздушниот простор и елиминирање на секаква закана.
Наменет да елиминира воздушни и вселенски цели на различна висина во ниска орбита и стратосфера со самонаведувани проектили со дострел од над 400 км и брзина на проектилите од 7,5 до 9,0 Мах.

Ова е прво забележано распоредување на системот по неговата модернизација, а се случува по синоќешниот земјотрес во Јужен Сахалин.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This