Додека во Санкт Петерсбург нема назнака дека ладното зимско време ќе се подобри, жителите на руската „северна претстолнина“ на социјалните мрежи споделија фотографии од необичен природен феномен
Жителите на петерсбуршките населби Виборг и Каљински воочија џиновски светлосни снопови на небото за кои мислеле дека се работи за аурора бореалис, јавуваат локалните медиуми.
Еден корисник на Инстаграм објави фотографија од овие светлосни столбови со хаштаг северна светлост, додавајќи дека нивната убавина е „неопислива со зборови“.
Друг корисници беа радосни што имаат можност да го видат овој „многу упав феномен“, за кој мислеле дека е северна светлост.