Неверојатна билка расте кај нас – лekува бpoнхитис и го чисти катpaнот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доколку сакате нешто повеќе да дознаете околу природните препарати и рецептите за нивно приготвување, можете да го прашате Мартин Најдовски на неговата фан страница “Лилма”.

Слатка папрат уште позната како “благ папрат”, “блага папрат” или “благ корен”, е билка во фамилијата на папрати, расте на карпи и во мов, се наоѓа на планинските места.

Слатка папрат содржи сапонини кои и даваат благ вкус, етерични масла, танини, алкалоиди. Во народната медицина се употребува коренот, кој се бере во септември/октомври месец, од билка која е постара над 2 години.

Оваа билка е билка број 1 кога станува збор за респираторни заболувања. Се употребува кај бронхитис, бронхопневмонија, астма и сува кашлица.
Освен што се користи за заболен респираторен систем, оваа билка дава исто така, одлични резултати и за лекување на пушачка кашлица, за чистење на белите дробови од никотин, односно после откажување на цигарите. Оваа билка е толку моќна што може да помогне и кај почетен стадиум на туберкулоза.

Слатката папрат исто така, во народната медицина се употребува и кај разни видови на алергии, проблеми со црн дроб, подобро лачење на жолчката, бубрези и друго. Нешто послабо се употребува и листот, особено кај реума и ревматични болки.

Помага и кај катар, отвора апетит, отечена слезина, за намалување на притисокот бидејќи делува диуретично. Надворешно се користи во форма на мелем или облоги за рани и испукана кожа.

Рецепти:

1.Чај:
1 супена лажица полна, отстојува во 500 мл млака вода, одвечер. Стои 8 до 12 часа поклопено, пред да се пие се загрева малку, се процедува и се пие по 2 – 3 шолји на ден, 30 мин пред јадење.

2.Чај за алергии:
50 грама коприва и 50 грама слатка папрат се мешаат. 2 супени лажици од смесата се прелеваат со 500 мл зовриена вода отстојува 20-30 мин поклопено, потоа се цеди и пие по 3 шолји на ден. Се пие 2 недели па 1 недела пауза.

3. Бронхо чај (кашлица, бронхитис)
30 г слатка папрат корен
30 г жалфија
20 г анасон
20 г синап бел (ако нема синап се заменува со ѓумбир)
10 г мајкина душица
10 г лист слаткарче

Сè се меша заедно па 2 супени лажици од смесата се прелеваат со 500 мл зовриена вода отстојува 20-30 мин поклопено потоа се цеди и се пие по две до три шолји на ден половина час пред јадење. 7 дена со 2 дена пауза.

4. Бања за реума:
Во када со млака вода се ставаат 2 до 3 свежи раце лист од слатка папрат да се закиснат 1 час. Потоа се влегува и се кисне телото каде што е болно околу 20 – 30 мин, се лежи во кадата.

Потоа не се брише туку веднаш се оди во соба и се завиткува телото со јорган, да се затопли телото и се мирува 2 часа. За подобар ефект, може креветот да биде обложен и со листови од папрат, бидејќи спиењето на листови од папрат во народната медицина се кажува дека е одлично средство за костобол. Вакви бањи се прават 3 до 4 пати неделно.

Ако е само за мал дел, пример рацете или нозете, тогаш може да ја направите бањата во леѓен односно само за тој дел од телото, да не влегувате во када само за мал дел.

5. Лек за чистење на белите дробови од никотин (за пушачи)
100 г мед
100 мл сок од лимон
50 г корен мелен од слатка папрат
100 г мелени бадеми
100 г таан
100 г ореви мелени

Сè се измешува заедно и се јаде по 1 супена лажица 3 пати на ден, 30 мин пред јадење.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This