Во Јакутск, главниот град на Република Јакутија живеат над 300 000 луѓе и официјално овој град е признаен за најстудено место во светот. Вчера, 29 ноември 2017. година беа измерени неверојатни -60 степени целзиусови
Просечните температури во зима таму се -34 степени Целзиусови. И покрај ниските температури населението на Јакутија е пријателски поставено и во добро расположение. Моменталната температура е минус 43 степени.
Како локалните граѓани се справи со екстремно ниските температури?
Одговорот е едноставен: Руски чај, како што ја нарекуваат таму водката.Недалеку од Јакутск е лоцирано и малото село Оимакон се наоѓа буквално на крајот на светот. Најниската температура таму е мерена пред 90 година – 71.2 степени Целзиусови. Ако сакате да ви работи колата тука треба да е запалена постојано. Токму тоа е и причината бензинските да работат по 24 часа на ден. Вработените во нив имаат чудно работно време: 2 недели работа и 2 недели одмор. Во декември денот тука трае само три часа, а во текот на летото 21 час. Просечните температури во зима се – 50 степени Целзиусови.
Студот порано или подоцна сепак оди. Верувале или не највисока температура измерена во Оимакон е 35 степени над нулата.