НЕВЕРОЈАТНО ГЛУПАВИ ОДГОВОРИ: Зоран Заев се обиде да го оправда откажувањето од Македонското малцинство, историја и суверенитет со флоскула дека Бугарија ќе ни помагала на патот кон НАТО!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Целиот договор со Бугарија претставува само обврски кон Маекдонија, од откажување на Р.Македонија за грижата на Македонското малцинство во соседната држава, како и давање на право за застапување на правата на државјаните на Бугарија во Македонија

Имајќи во предвид дека Р.Бугарија, не го признава Македонското малцинство, а со договорот од малцинството се откажува и Македонија, останува само правото на Р.Бугарија да се меша во внатрешните работи на Р.Македонија, под изговор дека се грижи за нејзините државјани во Македонија. Ова, Бугарија итро го користи знаејќи дека во Македонија поради економски причини има неколку илијади граѓани кои имаат двојно државјанство, односно, Бугарско и Македонско.

Дополнително, Заев немаше ниту одговор на прашањето на репортерот на Инфомакс Борислав Стоилковиќ, за аспирациите на Р.Бугарија и нејзини политичари и историчари. На ова Заев изјави дека тоа биле поединечни изјави, иако Бугарските европратеници, но и министерката за надворешни работи ијзави дека Македонија е вештачка творба.

Освен ова, Заев се обиде да даде оправдување на немањето на реципроцитет во обврските кои ги превзема Маекдонија со откажувањето од малцинството во Бугарија, како и менувањето на историјата, па на повеќе ступиден начин се обиде да манипулира со тоа дека Бугарија земала „обврска да ја поддржува и помага Македонија на патот кон ЕУ и НАТО“. Со ова флоскула во договорот која не значи ништо, Заев се обиде да го оправда потегот на превземената обврска за бришење на Македонското малцинство во Бугарија но и промена на историјата на државата, прифаќајќи ја реториката на Бугарија дека Македонија е творба на коминтерната.

23 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This