April 25, 2024, 10:03 am

НЕВЕРОЈАТНО СТОРИЈА: Младо момче без една рака победи на регионално првенство во пливање!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Овој викенд, во Задар, Хрватска, се одржа регионално првенство за пливање на отворено за лицата со инвалидност. Исмаил Зилфиќ, дете кое има осум години и кое и покрај тоа што нема една рака, тој успеа да ја победи конкуренцијата на 50 метри грбно. Исмаил е член на пливачкиот клуб Спид од Сараево, а ова му е второ натпреварување.

Неговиот тренер објаснува дека пливањето е само еден од моделите за остварување на целта. Тој рече дека сите членови се интегрираат на вистинскиот начин, остваруваат значајни спортски достигања и воедно како поединци функционираат што е можно подобро.

„Исмаил е од Зеница, и три пати неделно доаѓа во Сараево на тренинзи, како и другите кои живеат во блиската и подалечната околина на Сараево. Вршиме и други активности, не само пливање, па така нашите членови скијаат, се занимаваат со јавање, одиме на кино“ изјави за хрватскиот портал „Visnjik.hr“ Арнел Капо, основачот на ПК Спид, единствениот таков клуб во Босна.

Тренерот изјави дека целта на неговиот клуб е да ги вклучи децата со инвалидитет во современото опшество, како би биле рамноправни и да живеат еден нормален живот.

„Сакам да пливам и му се радувам на секој натпревар“, изјави Исмаил кој уверливо го освои првото место, но и срцата на јавноста од целиот регион.

Спортот претставува повисока фаза во еволуцијата на телесната вежба на лицата со инвалидност.

Правилно одбраните спортови и дисциплини поволно делуваат на целиот организам и ја зголемуваат мускулната сила, подвижноста, еластичноста и координацијата на движењата. Спортската активност целосно го ангажира лицето со инвалидност и ја менува неговата емоционална состојба, тоа заборава на својата инвалидност, се појавува самостојност, самодоверба и истрајност.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This