НЕВИДЕНА СРАМОТА И БЕЗДУШНОСТ: Заев бездушно ги користи жртвите од поплавите во Гази Баба за да добие некој глас повеќе!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поради својата безидејност претседателот на СДСМ и премиер на Република Македонија, Зоран Заев продолжува со својата некрофилска кампања и со играњето на чувствата на многу семејства, чија трагедија ја користи за свои политички поени, не размислувајќи за тоа низ што поминуваат семејствата на оние кои ги спомнува, додека ја слушаат кампањата која тој си ја тера.

Последниот пример на некрофилската кампања на СДСМ е безчуствителното користење на ланската елементарна непогода и поплавите кои се случија во Скопје, во кои за жал имаше и жртви. Елементарна непогода, значи нешто што не може да се предвиди. Во текот на 24 часа на тој 6 август во Македонија наврнаа 93 литри дожд на метар квадратен, во текот на два часа од невремето имаше повеќе од 800 молњи и громови. А судбините на 22-те жртви Зоран Заев безмилосно ги користи во обид за политички поени и глас повеќе, вели експертската јавност.

Инаку како што кажа и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во моментите додека беа оставени самите на себе, Владата која беше предводена токму од таа партија беше од голема помош за овие луге.

-Во 2016 година Владата одвои и голема сума пари за помош на настраданите места од елементарната непогода во август 2016-та. Кога лугето мислеа дека сите ги науштиле, тука бевме ние поддршката што ја обезбедивме преку Владата, преку општините и на сите други начини на кои што можевме, изјави Груевски.

Патната инфраструктура и најголем дел од проблемите кои ги имаа таму граѓаните беа санирани од страна на Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Не бирајќи средства, за по било која цена СДСМ да дојде на власт, овој немил случај го користеше  и во кампањата пред парламентарните избори, сепак и тоа може да се каже беше џабе тогаш, бидејќи граѓаните на Гази Баба му ја дадоа довербата на ВМРО-ДПМНЕ. Партијата предводена од Груевски стигна до победа и во најпогоденото село од катастрофалните поплави, во Стајковци, експертите велат дека граѓаните тогаш покажаа дека препознаваат кој најмногу им помагаше во тие тешки времиња.

Доказ дека излез од својата безидејност СДСМ наоѓа со терање црна кампања и играње со чувствата на граѓаните е и користењето на случајот со Мартин Нешквски и играњето со чувствата на неговото семејство. Дека се работело за манипулации граѓаните, а најмногу со семејството на Мартин Нешковски, покажа и пресудата на највисокиот суд во ЕУ, Европскиот суд за човекови права, кој донесе одлука според која МВР во овој случај работело брзо и ефикасно. Постапувајки по жалбата поднесена од Ленка Нешковска, мајка на починатиот Мартин Нешковски, судот ги одбил нејзините наводи и оценил дека ефикасна истрага спровеле истражните органи при утврдување на причините за смртта на Нешковски, додека државата ги исполнила сите критериуми.

Универзитетската професорка Билјана Ванковска тогаш кажа дека смета дека семејството е користено како паричка за поткусурување и додава дека случајот беше намерно подгреван со “бомбите“ и со 5-ти мај.

-Не знам кој адвокат ја натерал кутрата мајка да оди до Стразбур да бара правда, кога и овде пресудата е сосема очекувана и објективна: Судот не може да навлезе во политички околности, бомби и озборувања, туку видел факти: сторителот брзо изведен пред суд и казнет со висока казна. Крај на приказната! И ова покажува дека случајот беше намерно подгреван (со бомбите и со 5 мај), семејството користено како паричка за поткусурување, па уште и ако некој адвокат се офајдил од луѓево – тогаш трагедијата е комплетна, напиша Ванковска.

Доказ за некрофилската политика на СДСМ е и користењето на трагичниот случај на едно мало дете, смртниот случај на малата Тамара од Велес, случај кој можеше да заврши трагично и по поранешниот министер за здравство Никола Тодоров. Имено, реториката тогаш на СДСМ како Тодоров да е убиецот на малата Тамара, беше нарекуван министер за смрт, СДСМ заедно со многу невладини организации под нивна контрола тераше голема негативна кампања против него. Оваа некрофилска политика доведе до убид за убиство, кога дедото на малата Тамара со пиштол пукаше кон Тодоров.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This