НЕВИДЕН РЕЗИЛ НА РАЗУЗНАВАЧКИТЕ СЛУЖБИ НА САД: Објавија разузнавачки извештај за руските хакери на 20 страници, за да воведат цензура!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уредникот на „Викиликс“ Џулијан Асанж денес го критикуваше срамниот извештај на разузнавачките служби на САД (ЦИА и НСА), опишувајќи го како „исклучително срамен и штетен извештај по репутацијата на разузнавачките служби на САД“

hakeri
Пред два дена разузнавачките служби на САД публикуваа „извштај“ за упадот на наводни руски хакери во изборниот процес во САД, кои биле главната причина Хилари Клинтон да ги загуби изборите, а Трамп да победи. Една третина од извештајот се задржува на известувањето на светскиот телвизиски канал „РТ“ (Раша Тудеј), а според разузнавачките служби на САД, каналот бил „исклучително критичен кон Администрацијата на САД и Западните влади“.


За извештајот Асанж изјавил дека нема никаква доказна тежина, и дека е „намерена политичка нарачка“. Запрашан за неговиот извор во врска со скандалот со електронската пошта на Хилари Клинтон, Асанж демантира дека било која држава му ги давал материјалите, а најмалку Русија.

„Ако нашиот извор би бил некоја држава, би имале многу помалку грижи да ги заштитиме“, рекол Асанж, додавајќи дека нема намера да дава дополнителни информации во врска со неговите извори, бидејќи би можеле да бидат идентификувани.

Извештајот кој беше објавен во петокот, предизвика големо внимание и потсмев во меѓународната јавност, имајќи во предвид дека истиот е напишан на само 20 страници, од кои 5 се вовед и содржина, 7 се однесуваат на Раша Тудеј, неколку на „лажни вести“ и останатото на „руските хакери“. Но во целост, никаде нема докази.

Меѓу критичарите е и екс-оперативецот и аналитичар на ЦИА Лери Џонсон, кој го опишал срамниот извештај како „фарса“ и „шарада“, тврдејќи дека Хилари Клинтон била исклучитело ефикасна во сопствената дискредитација, без да има потреба од Русија.

Во меѓувреме меѓународната јавност е загрижена поради обидот на администрацијата на Обама да воведе цензура и апсолутна контрола во медиумите не само во САД, туку и во светот, имајќи во предвид дека Раша Тудеј е интернационална ТВ станица со седиште во Русија. И не само тоа, во емисијата на Питер Лавел беше посочено дека преку корпоративните медиуми во САД се откупуваат медиуми низ светот кои потоа служат како „машина за перење на мозоци“ и ширење на лажна пропаганда.

Во тој поглед, веќе започна кампања за „заштита од сајбер напади“ во Европа, а медиумите во Британија, Германија, Франција веќе започнаа со „загрижувачки“ текстови за потребата да се зголеми безбедноста на интернет просторот.

Сето тоа додека во Источна Европа, САД распоредува 4.000 војници, 100 тенкови, хаубици и друга воена техника.

milenko_dogovor

Оваа пракса на САД е добро позната и во Македонија. Имено, токму амбасадорот на САД кој потекнува од администрацијата на Обама и Хилари Клинтон бил автор на срамниот цензорски договор кој Миленко Неделковски го потпишал со Канал 5 Телевизија, а подоцна го раскина и го објави јавно.

Освен тоа, познато е дека преку УСАИД, во Македонија најголемиот дел од медиумите се под контрола на Амбасадата на САД, а додека останатите користат средства на Сорос.

Претходно, медиумите во САД на големо ги обвинуваа тинејџерите од Велес како „најзаслужни“ за победата на Трамп.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This