March 29, 2024, 11:41 am

Невиден хaос поради мерките донесени преку ноќ: Дури и туристичките агенции немаа време да слушнат за ПЦР тестовите за излез

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Невиден хаос настана на граничните премини откако Владата буквални преку ноќ ги промени мерките за влез и излез од земјата. Владата испрати соопштение до медиумите, вчеравечер, во 20 часот дека од 1 септември (денес?!), покрај за влез во државава и за излез ќе се бара потврда за вакцинација, потврда за прележана корона, или пак, негативен тест – ПЦР, или брз антигент тест.

Патниците на границите се најдоа затечени бидејќи не ни разбрале додека се спремале за пат дека во вечерните часови Владата донела ваква одлука. Затечени се и туристичките агенции. Дел и од нив не знаат за новата одлука!

„Слободен печат“ се обиде да разговара со повеќе туристички агенции кои имаат патувања за Албанија, или за Црна Гора – земји кои на нас не ни бараат потврда за вакцинација, прележан вирус или пак, негативен ПЦР тест. Но во агенциите едноставно како да останале без зборови и не знаеја што да ни кажат, па вообичаените одговори беа дека тука не им биле одговорните што може да ја коментираат состојбата и да кажат дали има нивни патници кои во моментов заглавија на граница. Во една од туристичките агенции велат дека допрва ќе размислуваат што да прават.

– Видов дека ноќеска има нова одлука од Влада, но детално не ја прочитав. Денес немаме тура која заминува за Албанија, но имаме утре па ќе видиме што ќе правиме – ни рекоа во ТА „Атлантис“.

Во Министерството за здравство поставивме прашање дали на границите ќе има можност за тестирање на граѓаните при влез и излез од земјава.

Владата откри зошто треба тест за излез од земјава
На новинарско прашање зошто треба потврда за имунизација, или за прележан Ковид 19, или пак негативен тест за излез од земјата и тоа кога се патува во земји кои воопшто не бараат такви докумнети, портпаролот на Владата Муамет Хоџа на денешната прес конференција одговори дека оваа мерка е придонес за масовната имунизација, како најсоодветен одговор за ширењето на Ковид-19.

– Мерката е израз на нашата определба да направиме се што е потребно нашата земја да се препознае како земја која води активна политика за имунизација и која не треба да се препознава како земја –извозник на вирусот. Треба да се има предвид дека потврдата за вакцинација или прележан Ковид-19 е воообичаена постапка за влез во огромен број земи која граѓаните секако треба да ја испочитуваат – рече Хоџа.

На прашањето на новинарите зошто не се признава подолг рок за прележаните, туку само 45 дена од оздравувањето може да патуват со таа потврда за прележана корона, Хоца рече дека мерките се донесени по препорака на Комисијата за заразни болести.

Тестирање против ковид-19 на самите граници нема да има

Вчера Владата соопшти дека ги дополни мерките за спречување на проширувањето на вирусот што ја предизвикува заразната болест Кобид-19 со кои од 1 септември 2021 година домашните и странски државјани и за излез од територијата на Република Северна Македонија на граничните премини ќе мора да приложат: сертификат за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот Срс-ков 2, односно примени две дози на вакцина; или сертификат за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето; или медицинска потврда со негативен резултат од SARS-CoV-2 тест, направен 72 часа пред излез од територијата на Република Северна Македонија, или негативен брз тест за антигени тела направен 48 часа пред излез од државата.

Владата ја дополни и одлуката за задолжителен домашен карантин во траење од 7 дена доколку при влез во државата немаат негативен ПЦР тест, или потврди за примена вакцина или за прележан КОВИД-19, при што времетраењето на карантинот може да се скрати на 5 дена доколку во тој период биде приложен негативен ПЦР тест. Ова важи и за домашни и за странски државјани. Трошоците за изолација на странските државјани е на нивни трошок.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This