Невил бpутален: Јунајтед никогаш нема да ја освои титулата со ваков двоец

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Играчите на Манчестер Јунајтед им приредија кошмарно отворање на сезоната на своите фанови, бидејќи денеска на домашниот „Олд Трафорд“ беа надмудрени од незгодниот Кристал Палас кој на крајот победи со 1:3.

Сите офанзивни фудбалери на гостинскиот фудбалер претставуваа проблем за одбраната на Јунајтед, но посебно нерешлива енигма беше Вилфред Заха, поранешниот играч на „црвените ѓаволи“.

Заха ги постигна завршните два гола за 0:2 и 1:3, а неговата доминација во играта еден на еден го натера легендарниот Гери Невил да излезе со еден брутален заклучок за иднината на Јунајтед.

Гери го прозва Линделоф и нагласи дека е премногу слаб во дуелите, па му предложи на Солскјер што побрзо да си купи нов централен дефанзивец ако сака тимот да биде конкурентен.

– Една од зоните кои мора да ги засили Јунајтед е одбраната. Мора да биде брз централен стопер, некој што може да игра еден на еден. Мислам дека Заха ги доби сите дуели со стоперите денеска. Ги носи во ситуација во која се чувствува доминантен. Линделоф едноставно не е доволно силен при неговиот втор гол, тој е навистина многу слаб.

– Може да зборуваме за Санчо колку сакаме, но се додека не се купи централен бек кој е брз и кој може да игра еден на еден, Јунајтед никогаш нема да ја освои лигата, особено не со ваков двоец, – нагласи Невил алудирајќи на Линделоф и Мегваер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This