НЕВРЕМЕТО ПРИСТИГНА: Силено невреме со пороен дожд и грмежи – Метеоалармот во жолта алертна фаза

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Невремето пристигнува. Доцна попладнево и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во западните делови.

И во Скопје доцна попладнево и во текот на вечерта ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.

Повремени врнежи од дожд ќе има и во текот на ноќта кон четврток, како и претпладне, а преку денот облачноста ќе се намалува.

Позначителен влажен бран се очекува во сабота попладне, а за време на викендот ќе дува засилен северен ветер, а ќе има и значително намалување на дневната температура.

Европскиот метео сервис ја стави Македонија во жолта алертна фаза, како опасност од силно невреме и грмежи.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This