Невepojaтни детали: Cyдијата кој ги ocyди организаторите за „27 април“ по вторпат повеќе му верува на зборот на Нинџа наместо на дokазите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Судијата Илија Трпков кој ги осуди т.н организатори на настаните од „27 април по втор пат повеќе верува на зборовите на Александар Василевски-Нинџа отколку на фактите и доказите.

До ваков заклучок се доаѓа ако се потсетиме дека омилениот сведок на обвинителството беше сведок и во помалку заборавениот случај „Ровер“.

Нинџа во февруари 2013 година раскажа за релациите меѓу жртвата Тушевски и обвинетите, како и за причините за двократното убиство во случајот Ровер каде повторно преку лажни изјави за потребите на Обвинителството беа осудени голем број на лица меѓу кои и поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски.

„Ровер“ почна да се суди во декември 2012, а со правосилна судска пресуда заврши вофевруари 2021 со ослободителна пресуда.

Истиот судија од „27 април“ Трпков двапати определи високи казни а третиот пат ги ослободи обвинетите.

Во случајот „Ровер “најдолгиот притвор го имаше Трајковски. Тогашниот шеф на обезбедувањето на Љубе Бошковски беше во притворска ќелија точно 1.073 дена, односно три години. За 9 години Трајковски доби за исто дело 10,5 години затвор, па 8,5 години затвор, за на крајот да биде ослободен од обвинение за нарачано убиство.

Нешто слично се случуваше и во случајот за „27 април“. Сведочењето на Нинџа кое беше побиено од десетици сведоци беше клучно за Трпков да донесе таква пресуда.

Зборот на Нинџа и во овој случај тежеше повеќе од сведоците и од вештакот кој со вештачењето на телефоните докажа дека клучната вечер Василевски само накратко се доближил до седиштетото на ВМРО-ДПМНЕ, но не и дека влегол внатре.

Седиште на ВМРО-ДПМНЕ
Но, затоа Нинџа со сигурност можеше да се „сети“ кој како е облечен кој каде седи каков телевизорима, кој со кого зборувал, колку телефони имало на маса….

Во корист на сега обвинетиите говореа актуелниот премиер Заев, спикерот Џафери, поранешниот претседател Иванов, пратеници, министри.

Но, сето тоа беше залудно. Трпков повеќе верува на Нинџи отколку на политичари и докази.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This