НЕГАТОРОТ НА ИДЕНТИТЕТОТ НА МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА ТВРДИ: Македонизмот е 100% лага, Заев ја кажа вистината, Струмица е бугарски град

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Така си е, Зоран Заев си ја кажа вистината со тоа што рече дека Македонците и Бугарите се еден ист народ. Така си е и јас тоа постојано го зборувам. Впрочем, тој потекнува од Струмица, а Струмица е бугарски град – изјави вчера за „Дневник“ Божидар Димитров, директор на Националниот историски музеј во Софија. Димитров, кој во бугарската и во македонската јавност е познат како негатор на македонизмот, на посебниот идентитет на македонската нација, вели дека воопшто не е изненаден од ваквата изјава на лидерот на социјалдемократите, кој е потенцијален мандатар за состав на идната македонска влада.

bozidar-dimitrov-640x400

– Заев, колку што јас успеав да го следам, и со своето дејствување покажуваше оти мисли дека Македонците и Бугарите се еден ист народ, како што јас и другите во Бугарија тоа постојано го тврдиме – додава Божидар Димитров.

Kоментарот на Димитров, кој е автор и на книгата „Десетте лаги за македонизмот“, доаѓа по завчерашното интервју на лидерот на СДСМ за бугарската агенција БГНЕС во кое рече дека Македонците се еден народ со Бугарите, а потоа во друго интервју за српски „Kурир“ и тоа дека Македонците се ист народ и со Србите.

– Ние сме братски народ, еден народ. Македонија сака нормализација. Kако потенцијален мандатар испраќам пријателски пораки до Бугарија од соседна Македонија, која сака да стане полноправен член на ЕУ и НАТО. Тоа единствено може да стане ако го продлабочи пријателството и соработката со Бугарија – рече во интервјуто за БГНЕС.

Димитров ни рече дека се надева оти доколку во иднина Заев и стане македонски премиер, ќе има и лична средба со него. Таа би била околу остварувањето на бугарското барање да се постави меѓу Валандово и Дојран споменик на бугарскиот полковник од Првата светска војна Kонстантин Kаварналиев. Такво барање Димитров веќе има испратено до македонските власти, но на него не добил одговор.

– По ова изјава се надевам дека ќе се дозволи споменикот да биде поставен. Тој е веќе направен и со месеци чека во нашите депоа за да биде испорачан и поставен во Македонија. Ние веќе сме испратиле барање за тоа до вашите надлежни органи и сега чекаме да се формира нова влада за таа да се изјасни. Јас се надевам дека ќе биде прифатено и дека тој споменик ќе биде поставен меѓу Валандово и Дојран – ни рече Димитров.

Македонските власти досега одбивале да се постави таков споменик бидејќи „Kаварналиев не се борел да ги спаси Македонците, туку се борел да ја задржи поголемата територија на Дојран и таа да влезе во составот на територијата на Бугарија“.

– Ако сега дозволиме да му се подигне споменик на секој командант, ќе немаме право да ги спречуваме и Србите и Грците да им подигнат споменици на своите команданти на наша територија. Тогаш Србите ќе побараат да му се подигне споменик на кралот Петар и на другите воени личности што го претставувале окупаторскиот систем и спроведувале големодржавна и денационализаторска политика – изјави во едно интервју познатиот македонски историчар Ванче Стојчев.

Инаку, Димитров и Заев лично се сретнале пред неколку години во Струмица кога бугарскиот историчар учествувал на еден научен собир.

– Се видовме по предавањето на коктелот и се ракувавме. Kуртоазна беше средбата. Инаку, моето предавање не се однесуваше на етничките прашања – ни рече тој.

Напоредно со ова, директорот на бугарскиот НИМ вели дека се надева оти сега полесно ќе се отстранат пречките меѓу Македонија и Бугарија за потпишување на договорот за добрососедство, кој е проблем веќе со години.

– По оваа изјава се надевам дека ќе биде потпишан и тој договор меѓу Македонија и Бугарија, а кој досега беше според поради една точка во која беше наведено дека ќе биде потребно Македонија да не ја краде бугарската историја и која е опасна за вас – наведува Божидар Димитров.

Бранко ЃорЃевски

Доказ дека македонизмот бил лага

Овој историчар и натаму тврди дека македонизмот е измислен за да се оправда постоењето на посебна македонска нација.

– Македонизмот е 100-процентна лага. Ако имаше и пет проценти вистина во тоа, ќе опстоеше како теорија и поткрепа за посебна македонска нација. Вака, с` појасно излегува на виделина дека тоа е обична лага.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This