НЕГОВОТО ВИСОЧЕСТВО: Арпад Штербик тука кога беше најпотребно!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со 15 одбрани голманот на Вардар блесна и кога беше најпотребно ја даде потребната сигурност на европскиот првак

Ракометарите на Вардар продолжуваат да ја бранат титулата во Лигата на шампионите, пласирајќи се на фајналфор-турнирот во Келн втора година едноподруго. Четвртфиналната пречка, Кил, ја решија со пораз, денеска во Јане Сандански, со 27-28, но поради повеќе голови на гости оди понатаму.

Натпреварот беше еднакво инфарктен и во првото полувреме кое заврши со 13-13. Почна со 0-3 за Кил, но Вардар, иако „запали“ доцна, почна да игра и да го диктира натпреварот поведувајќи со три разлика во три наврати. Сепак, по 10-7 во 16. минута, Кил почна да практикува зона 3-2-1 во одбраната и следуваше суша од пет минути за македонскиот тим, што резултираше со изедначување. Иван Чупиќ утна два пенала во последните две минути и не успеа да го задржи водството до паузата.

На листата со стрелци, шест запиша Борозан, пет имаше Циндриќ, а Криштопанс погоди четири пати. Огромен херој е Арпад Штербик кој застана на 13 одбрани. Кај Кил, по пет гола дадоа Винцек, Зарабец и Екберг, а Ландин доцна се разбуди, па остана на седум одбрани.

Ф4-турнирот во Келн се игра на 26 и 27 мај, во Келн, а противници на Вардар ќе му бидат ПСЖ, Нант и подобриот од Монпелје – Фленсбург (28-28 по првиот меч)

Извор
Спорт1.мк

Фото
Спортмедиа.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This