Неготинка близу Милано: Македонци добро направивте што веднаш ги затворивте училиштата за да не се шири kopoнавирусот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонци, добро направивте што веднаш ги затворивте училиштата за да не се шири коронавирусот, порача неготинката Соња Делова која живее близу Милано.

Македонци, добро направивте што веднаш ги затворивте училиштата за да не се шири коронавирусот, порача неготинката Соња Делова која живее близу Милано. Таа ги поддржува своите сонародници во татковината да издржат во овој период на изолација.

– Не излегувајте од дома без потреба, одбегнувајте контакти што е можно повеќе, ситуацијата е многу сериозна и вирусот многу брзо се шири. Тука од почеток не беше земена како многу сериозна ситуацијата, а преку ноќ се се смени, раскажува таа. Подоцна, почнале со затворање на училишта, градинки, факултети. Сега се било затворено, освен супермаркети и аптеки.

– Забрането е и излегување надвор без неопходна причина и без оправдување. Доколку одиме во продавница или на доктор, мораме да имаме оправдување во случај на контроли од страна на полицијата, открива Делова. Потсетува дека во Италија има многу заразени, многу жртви, но и многу оздравени.

– Како и да е, вирусот се шири постојано. Затоа најдобро е да се почитуваат превентивните мерки. Тука на почеток не ги почитуваа правилата, па наеднаш ситуацијата отиде на полошо. Затоа апелирам, од искуство, седете си дома. Не се собирајте на кафиња, како што имаат обичај многу од моите сонародници. Издржете, ќе помине. За жал, не е одмор овој период, ама можете да го искористите за да се одморите дома. Внимавајте исто и на најризичните категории, над 65-70 години, помагајте колку можете, апелира таа. Делова, која во земјава дипломираше италијански јазик, кажа дека таму работи од дома. Кој може, во услови на вирус, работи од дома. Кој не, мора да оди на работа.

– Остануваат правилата. Еден метар минимум растојание од човек, маски, ракавици. И стандардните препораки од медицинските лица – често миење раце со сапун, кашлање и кивање во лакт или марамче за една употреба. Се за заштита, вели таа.

Со семејството живее токму во зафатениот регион од вирусот, во Бресциа, Ломбардија, Северна Италија. На сто километри од Милано, на 40 километри од Бергамо. И за крај, таа вели дека и во нејзината татковина, како во Италија, ако е неопходно, треба да се воведат и подрастични мерки, како затворање на продавници. Во изјава за МИА, таа додава дека новина било и тоа што фармацевтски компании бесплатно доставувале лекови на најсериозни случаи, за кои мислат дека ќе има ефект. Испитувале, за да видат дали ќе функционира во целост.

Извор: МИА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This