НЕГОТИНСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ЛАЖЕЛ ЛУЃЕ: Предизборно им ветувал вработувања, па ги бркал со оправдување дека „нема време да се замара“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

До нашата редакција пристигна реакција на жител на Неготино, во врска со работата на тамошниот градоначалник. Реакцијата ви ја пренесуваме во целост.

 

Здраво, нека сите веќе дознаат што се случува у Неготино, како градоначикот со нас граѓаните си игра играчки. Сакам да ви кажам за мојот син кој има завршено факултет за информатички науки а пред некоја година и магистрира. Предизборно градоначалникот многу ветуваше, а излезе друго. На син ми му вети дека ќе му помогне при вработувањето но тоа беше само предизборно ветување, а сега е сосема поинаку. Кога син ми беше во собранието да разговара со Тони Делков во врска со работата не само што не го прими туку и беше избркан, со зборовите немам јас време да се занимавам со тебе и таквите како тебе, како сакаш да се вработиш кога политички си неактивен. Она што најмногу ме иритира е тоа што син ми кој е магистар, отиде да моли човек со средно за да биде вработен. Па на кое дереџе дојдовме луѓе толку ли не вреди најбараната струка само заради политика? Па луѓе на 45 години се запишуваат на факултет и одма потоа добиваат работа. Мојот син конкурираше и за работа во Тец и од таму беше одбиен, без никаква причина. А жена вработена во Тец што на 48 години едвај го завршила факултетот одма ја ставиле компјутерски инжињер, а претходно била референт за јавни набавки. Затоа мојот син бил одбиен за да на негово место ја стават изгледа многу политички активната вработена таму. И овде во Неготино воздухот е загаден ама од политика не се диши. ДОЈДЕ ЖИВОТОТ. Бидете ми поздравени.

Маре Камчева писмо

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This