Неделковски: ,,Мистерија“ за демонстрациите во Лондон!!!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Емирот на Катар денеска е во посета на главниот град на Велија Британија по покана на британската премиерка Тереза Мај, но наводни броци за човекови права му направија пречек недостоен за еден емир. На маргините од оваа посета се случуваат работи кои коинцидираат со делувањето на соросоидите, шарените, он-оф племето, Канвас, Срџа Поповиќ истите оние кои ширум светот работа во интерес на новиот светски поредок и прават проблеми на секоја една национална држава која сака да води суверена политика. Имено, кастинг агенција од островото преку имејл се обидела да пронајде статисти за да протестираат против емирот кој на Блискиот Исток важи за еден од најдемократските и како што многу пати истите овие неолиберали сакаат да кажат ,,прогресивни’’ лидер во регионот.

 

Тамим бин Хамад Ал Тани е седна на престолот на Катар уште во 2013 година, но во пролетта 2017 година Катар и нејзините соседните земји во регионот на Заливот се соочуваат со тешка дипломатска криза. На 5 јуни 2017, значи пред една година, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет ги прекинаа дипломатските односи со Катар, поради дубиозни причини.

 

Оттогаш, земјите го бојкотираат малиот емират на секое поле, економски, културно и политички. Официјалната причина која струи во западните медиуми е дека Катар го поддржува и финансира меѓународниот тероризам, демек соседите на Катар не го прават тоа! Да се потсетиме дека само пред неколку дена се случи огромен скандал со околу 60-тина минофрлачи набавени од Босна, а наменети за Саудиска Арабија. Имено токму овие минофрлачи и официјално завршија во рацете на терористите на Даеш во Сирија. Таа дипломатска криза во Заливот беше исто така една од темите на дискусија за време на посетата на Емир Тамим бин Хамад ал Танина Лондон, која трае неколку дена. Тој е во британскиот главен град од неделата. Во вторникот попладне беше примен од премиерот Тереза Мај во офисот во Даунинг стрит. Да потсетиме да еден клучен историски момент дека токму главниот непријател на Катар, Саудиска Арабија го должи своето постоење на Велика Британија и Британските служби, а вахабизмот и радикалниот исламизам чиј инвентор и најголем спонзор е Саудиска Арабија е по директива измислен и нарачан од Обединетото Кралство поради спречување на ширењето на комунизмот во арапскиот свет.

 

Енди Вашингтон е познат бизнисмен кој се занимава со туризам, организира ивенти и тури од разно разни карактери: културни, модни, забавни…. Од време на време заработува нешто екстра преку учество во снимање реклами и филмови. Тој е на мејлинг листата на агенцијата за кастинг Extra People Ltd, што значи дека секогаш ги добива најразличните барања за потреби за изнаоѓање луѓе како статисти за различни проекти. Така било и во вторникот кога досега непознат клиент му побарал статисти, но работи му станале сомнителни!

 

Имено во меилот од кастинг агенцијата се барало да се обезбедат статисти за да биде попречена посетата на Емирот пред Британците. Барањето било да се обезбедат доволно луѓе за да се “наполни” целата улица каде живее премиерката Меј, Даунинг стрит 10. Од ангажираните и платен статисти се барало да “да прават било што”. Во вториот имејли, при давање спецификации за настанот клучен бил моментот дека настанот “е организиран против Катар”. Напомена: Сите овие три кратки реченици на англиски се копипастирани од имејлот што се наоѓа, покрај кај други медиуми, и во архивата на Дудинка.

 

Кратко време откако Extra People Ltd ги побарала првите статисти, од агенцијава пристигнува и втора “нарачка“каде се бараат дополнителни 500 лица за протестирање! Веднаш потоа, а се се случува во 48 часа на почетокот од оваа седмица, пристигнува уште едно барање, овој пат за потребите на Neptune PR Ltd за уште 500 луѓе, односно статисти. За каде биле потребни овие 500, засега не е јасно.

 

Бидејки барањето 500-тини, а потоа и екстра 500-тини луѓе дури и во десет милионскиот Лондон не може да помине незабележително, се активираат сите медиуми и социјални мреѓи за откривање на овие нарачатели на лажни протестирачи.

 

Па така, исплашени, Extra People Ltd се повлекоа од договорот и не сака да е дел од оваа игра.
Повлекување на кастинг агенција било пропратено со допис каде се именува нарачателот. Тоа го разлутува Neptune PR Ltd кој отвора посебен Твитер акаунт и во вечерните часови јавноги прашува Extra People Ltd преку Твитер да обезбеди “некаков доказ” за нивното тврдење. Ова му е исто како кај нас во кафичот Круг што се собрале Борјан Јовановски и Оливера Трајковска па го олајавале Бранко Героски што лапнал пари од Зоран Заев, а тие не. Но да се вратиме на В. Британија. Ваквите обвинувања помеѓу двете агенции може да бидат гонети во кривична постапка таму па агенцијата за односи со јавноста објавува дека ќе се консултира со своите адвокати.

 

Extra People Ltd во вторникот наутро во ги објави сите принт скринови од е-пошта комуникацијата каде како испраќач во име на компанијата се појавува извесен Лесли. Neptune PR Ltd потоа бара детални информации за вработениот Лесли.

 

Весникот Gulf News што излегува на англиски јазик во Обединетите Арапи Емирати, кои инаку се непријателски настроени кон Катар, објавија по повод посетата на Емир Тани дека се случиле “angry protests” во Лондон. Тој текст е доказ за тоа кој е нарачателот кај кастинг агенцииве. Бројни постери може да се видат низ улиците во Лондон каде се текстови и слики против приемот на Емирот од страна на Британската влада. Хаштагот #OpposeQatarVisit е трендовски на Твитер.

 

Гардијан од своја страна известува дека британскиот бизнисмен роден во Катар имилионер Халид Ал-Хеил, бил вклучен во голем број протести против посетата на Емирот. Ал-Град се смета за противник на владејачкото семејство во Катар и веќе има организирано неколку конференции во Велика Британија, во кои, на пример, беше жестоко критикувано доделувањето на организацијата за Светското првенство во фудбал во 2022 година во Катар. Еден очевидец објавил дека учесниците во протестите против Посетата на Емирот патувале од Ливерпул за 50 фунти..
Сендвич, сокче, 50 евра од сорос, 50 фунти од Халид… Се собраа…

 

ПС
Инаку на врвот на егендата на Меј при посетата на Емирот било заложба за давање повеќе права на ЛГБТ поединците во Катар!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This