НЕДОЗВОЛИВО ОДНЕСУВАЊЕ НА СУДИЈА: Сопругата на Филип Медарски, судијка во Основен Суд 2 партиски агитатор?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако правосудниот систем во Македонија е исполитизиран од одредена политичка партија, тогаш тоа би била онаа партија која во еден ден ги постави сите судии, во сите судски инстанци во сите судови во државата

medarski_familija

СДСМ е партијата која во само еден ден постави стотици судии и обвинители во сите правосудни инстанци во Македонија за само еден ден. Голем, или најголем дел од нив беа партиски играчи кои потекнуваа од претходниот систем, или пак имаа некој предок кој бил судија или адвокат во едноумието.

Така продолжената лоза на правосудно-партиски играчи продолжува и денес.

Освен тоа што Специјалната јавна обвинителка која требаше да биде најнезависната институција во државата, а на крајот се докажа дека всушност била член на СДСМ, судиите кои треба да решаваат по небулозните барања на Катица, се сопрузи, роднини, мајки, тетки, стрини и чичковци на високите партиски функциониер на СДСМ.

Меѓу нив е и судијката Софија Медарска, судијка во Основен Суд 2, сопруга на адвокатот на Зоран Заев, Филип Медарски кој пак е во кумашинска врска со обвинителот од СЈО Гаврил Бубевски, за кој во претходниот период излегоа голем број на наводни афери со Фатиме Фетаи. Освен ова, мајката на Филип Медарски, Елица Медарска е обвинител во Вишото Јавно обвинителство во Скопје.

Софија Медарска е класичен партиски војник, кој својата позиција ја користи за политичка промоција и агитација, нешто што е апсолутно недозволено за судија. Еден од примерите е нејзиното однесување за време на катастрофалните поплави кои го зафатија скопскиот регион кон средината на август оваа година. sofija_medarska-2

Судијката наместо да се воздржи од коментари, и да ја согледа целокупната ситуација, бидејќи тоа е нормата која и ја налага нејзината професија, дека никој не е виновен додека не се докаже спротивното, таа навлегува во квалификации за политички претставници за кои тврди дека сториле „недела“. Недозволиво однесување за еден судија.

sofija_medarska-1

Срамна е политизираноста на судството во кое СДСМ веќе 25 години има апсолутна власт, благодарение на масовното поставување на судии во само еден ден. Дотолку повеќе што, дел од кампањата на СДСМ е и „ветувањето“ дека тие ќе направат целосен реизбор на судии доколку дојдат на власт.

Изгледа старите им се спремни за пензија, па да осигураат дека тие што ќе дојдат нови, ќе бидат нивни.

 

 

 

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This