НЕДОЛИЧНИ НАПАДИ ДО МИНИСТЕРОТ КУРЦ: Кога парадираше Ховит заедно со СДСМ тогаш нема проблем, кога доаѓа Курц тогаш агресија?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Очигледниот катастрофален пораз на СДСМ создава голема нервоза во паријата. По наредба на предавничкото дувло на „Бихаќка“ предизборната кампања на СДСМ започна валкано. СДСМ се обидува да испровоцира инциденти кои би фрлиле дамка на изборите и би отвориле простор за непризнавање на резултатите.
kurc-bilbord
Нервозата ја истураат и на соцјалните мрежи

Како што наближува денот на гласањето, станува се појасно дека Заев бесрамно ги лажел и неговите најблиски соработници и целата македонска јавност дека ВМРО-ДПМНЕ е изолирана и ја нема меѓународната поддршка, надевајќи се дека на тој начин барем малку ќе ја подобри својата позиција во кампањата.

Вчерашниот предизборен митинг кој го одржа ВМРО-ДПМНЕ го покажа токму спротивното, не само што има поддршка од народ, туку ја има поддршката и на владејачките германски и австриски партии кои во ВМРО-ДПМНЕ гледаат сериозен и доверлив партнер и за наредните четири години.

miting-vmro-skopje-izbori-2016-25-custom-e1480284356370-520x315

Невидени бес и гнев, дури и меѓу највисокото раководство на СДСМ, предизвика настапот на актуелниот австриски министер за надворешни работи, кој во името на својата Австриска народна партија ѝпосака многу среќа на ВМРО-ДПМНЕ и многу енергија во изборната кампања.

-Особено сум благодарен за подршката што ја добивме од страна на Македонија во 2015 и 2016 година. Бегалската криза беше голем предизвик за Австрија. Во 2015 година 90 илјади бегалци дојдоа во Австрија, а преку 1 милион ја минаа нашата држава. Без вашата Влада немаше да бидеме во состојба да ја затвориме балканската рута. Многу сум ви благодарен што не подржавте во оваа особено тешка состојба за нас, рече Курц пред големата маса луѓе на вечерашниот митинг и додаде дека ова е мошне импресивен собир.

Многу недолични коментари кои се на работ дури и на дипломатски скандал од страна на видни членови и аналитичари на СДСМ ги преплавија социјалните мрежи. Меѓу коментаторите се и Едмонд Адеми, Ивор Мицковски, Зоран Фидановски, член на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Бранко Тричковски…

На својата Фесјбук страна, по ова прашање, реагираше носителот на ИЕ 1 Никола Попоски кој напиша:

nikola-poposki-fb-1

„Кога Ричард Ховит како левичар одеше на настани на СДСМ и најотворено заземаше страна за сестринска партија и тоа од позиција на известувач во Европскиот парламент, што по дефиниција треба да има неутралност, тогаш тоа не беше проблем. Но, ако случајно некој десничарски политичар дојде на настан на ВМРО-ДПМНЕ, тогаш тоа било заземање страна… Па барем малку објективност да се задржи. На крајот, мислам дека ни требаат пријатели на Македонија и од лево и од десно, а народот во Македонија е тој што одлучува суверено каков треба да е составот во Собранието по избори. Дајте да се обединиме околу една и единствена причина – европската кауза на Македонија!“

И кампањата започна насилно – уништени штабови и билборди

На првиот ден на предизборната кампања вандали во Струмица ги уништија предизборните промотивни политички материјали на ВМРО-ДПМНЕ и „Коалицијата за подобра Македонија“. Два дена подоцна, во пресрет на митингот на Коалицијата за подобра Македонија во Неготино, оштетени беа два штаба на владејачката партија, а во Штип и Куманово беа уништени повеќе билборди на носителот на листата на коалицијата „За подобра Македонија“ во третата изборна единица, Илија Димовски, исто како и во Куманово каде носител во 2 ИЕ е Никола Тодоров.

Во прилог на вандалското однесување оди и индиферентноста на техничкиот министер за внатрешни работи и генерален сектетар на СДСМ, Оливер Спасовски, и молкот на Министерството за внатрешни работи, кое не излезе со никаква информација за идентитетот на сторителите кои во Струмица го уништуваа пропагандниот материјал на „Коалицијата за подобра Македонија“.

 

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This