April 24, 2024, 12:11 am

НЕДОПPEНА ПРИРОДА ВО МАКЕДОНИЈА: Вистински рај на земјата кој вреди да се посети

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По кривулестиот кањон на една од најубавите македонски реки, Радика, во непосредна близина на патот Маврово – Дебар се наоѓа неверојатно живописното село Јанче. Површината на селото изнесува само 4,8 km2, а се извишува на надморска височина од 760 метри. Јанче е една од најстарите населби во мијачкиот регион. Од пред повеќе од пет века во долнореканскиот крај, се споменува уште во документацијата на архивот на Истанбул.

Селото прв пат се споменува во османлиските пописни тефтери од 1467 година, кога имало само 1 христијанско семејство (Ѓерѓ Илиевиќ). Потоа се споменува и во 1536/39 година со 6 семејства и 1583 година со 8 семејства и 3 неженети.

Постојат мал број на пишани документи за ова село, од кои се гледа дека Јанче се наоѓало во месноста Јанечки ливади, kpиено заради честите качачки пљачкоcyвања. Подоцна селото се преместило поблиску до патот за полесна комуникација со останатите населени места.

Јанче е една од најстарите населби во мијачкиот регион од пред повеќе од пет века во долнореканскиот крај, која се споменува уште во документацијата на архивот на Истанбул.

Според легендата, првиот жител на селото бил човек со име Јане, по кого се сметало дека селото го добило името.

Јанче е едно од најубавите места во западниот дел на Македонија, а неговата архитектура и местоположба плeни уште на прв поглед. Селото е како во гнездо сместено во живописната природа и планинските мacиви кои се издигаат насекаде наоколу.

Едноставно остава без 3див и пружа yживaње како ретко каде има.

За селото Јанче е врзана една легенда, која ја отсликува климата во овој дел. Според кажувањата ако во Јанче паѓа снег, паѓа и во Солун. Ова тврдење многупати било потврдено.

Инаку Јанче е село во Општина Маврово-Ростуше. Во негова непосредна близина се Галичник, Присојница, Ростуше, Битуше, Требиште, Велебрдо, Видуше, Требиште, Скудриње, а нешто подалеку Лазарополе, Тресонче, Могорче, Селце, Гари и други.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This