НЕЗАБОРАВ: Ги врзаа за столб и ги разнесоа заедно со хотелот кој го чуваа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не станува збор за злосторство на терористичката ИСИС во Сирија и Ирак, во 2015 или 2016 година, туку за злосторство на албанската терористичка “Ослободителна народна армија“ (ОНА) во Македонија во 2001 година. Светислав и Боге беа врзани за столб и разнесени заедно со мотелот “Бриони“ во Челопек до Тетово.

Мотелот во Челопек беше миниран на 26 август 2001 година во 6.15 часот, две недели по потпишувањето на Охридскиот договор со којшто заврши војната во Македонија во 2001 година. Објектот беше кренат во воздух, заедно со двајцата вработени во задругата Светислав Трпковски (39) и Боге Илиевски (46).

Случајот “Бриони“ е едно од повеќето монструозни злосторства од војната во 2001 година, кога терористичката ОНА се бореше за “ослободување на окупираните територии од славо-македонските окупатори“. Колку да се знае, да не се заборави. Власта ги амнестира овие ѕверства, ама Македонците ги паметат, не ги забораваат, не останаа со амнезија.

Снимката од откинати нозе среде урнатините на мотелот, во 2001 година го обиколи светот. Светислав и Боге, на свиреп и ужасен начин, ги загубија животите. Додека дежурале ноќна смена во мотелот, биле фатени, врзани за еден од потпорните ѕидови на мотелот и со експлозив разнесени заедно со објектот.

И по 17 години, извршителите на овој гнасен чин “не се пронајдени“. Единствено се знае дека ова монстурозно злосторство го извршиле припадници на терористичката ОНА. Според тогашните првични извештаи, осуммина злосторници допатувале со две патнички возила “фолксфаген“ и “опел џета“. Откако го минирале мотелот, побегнале. Тогаш првично беа осомничени шестмина жители на Челопек и по еден од селата Радиовце и Гургурница. Случајот остана без разрешница…

За жал, случајот “Бриони“ никогаш не е расветлен. Останува револтот кај семејствата на убиените, но и очигледната незаинтересираност на државата за расветлување на ова ѕверско убиство. А, Светислав и Боге само заработуваа леб за своите семејства. Се’ уште остануваат отворени прашањата: кој ги уби, зошто е миниран мотелот “Бриони“, кои биле причините Светислав и Боге да бидат врзани за носечките столбови со поставен експлозив на градите, зошто толкава омраза кон нив двајцата, кој ја спречува обновата на минираниот мотел и како може и после 17 години, да нема никакво спомен-обележје на двајцата челопечани монструозно убиени на своите работни места?

Секоја година семејствата на убиените, жителите на Челопек, околните села, блиски роднини и пријатели, одржуваат помен за покој на душите на годишнината од нивното убиство на гробиштата кај црквата “Света Богородица“ во Челопек и кај мотелот “Бриони“. За жал, секоја панихида, останува без претставник на државата, како и без одговор од надлежните, кој го изврши убиството?

Во мотелот “Бриони“ како вистинска руина, стојат само бетонските столбови и делови од некогашниот објект, сопственост на задругата “Единство“ од Челопек. Задругата ги има добиено сите документи за негова темелна обнова, меѓутоа група Албанци од Челопек го попречуваат тоа. Општина Брвеница донела одлука комплексот да се претвори во спортски центар, за што има и ново урбанистичко решение. Но, во задругата велат дека ниту им е доставена одлуката, ниту им даваат извод од урбанистичкиот план, ниту некој им ја одзел сопственоста!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This