„НЕЗАВИСЕН“ ВЕСНИК, ЗАВИСЕН ОД ГРЧКИ ПАРИ: Медиумски мрак во Македонија поддржан од Коѕијас и ТВ „Телма“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Состојбата со медиумите во Македонија е во незавидна ситуација, медиумски мрак ја надвисна државата како никогаш досега, а предводник на овој процес е дефинитивно провладината телевизија Телма.

Како никогаш досега бројот на затворени медиуми е рекорден во овие неколку месеци владеење на СДСМ. Медиумскиот магнат МПМ кој раководеше со повеќе дневни весници затвори под притисок на актуелната власт, според неофицијални информации се работело за уцена на сопственикот со таканаречените ,,бомби’’ кои до ден денес се наоѓаат во рацете на Заев и СДСМ. Клуч на врата неофицијално и се заканува и на телевизија НОВА, а истото важи и за телевизија Алфа и Сител 3.

Додека на независните и критички настроените медиуми кон власт им се заканува затворање, провладините сервилни медиуми просперираат и генерираат невиден профит. Таков е случајот со телевизија Телма која потпомогната од УСАИД го бележи својот најголем подем. Телевизија Телма е далеку од независна телевизија, односно е пилар на пропагандата на СДСМ чии вести ги уредува директно центарот за комуникации на СДСМ. Главната уредничка на вестите е сопруга на министерот за култура Алаѓозовски во владата на СДСМ, сопругата пак на главниот уредник на телевизијата е дел од кабинетот на министерката за одбрана Радмила Шеќеринска.

Врските и коинциденциите не завршуваат тука, имено македонската јавност е сведок на досега невидена пропаганда и перење на мозок со цел создавање поволна клима во јавноста за промена на уставното име. Телевизија Телма и повеќе други национални телевизии водат координирана кампања со дебатни и емисии со иста тема, промена на уставното име на државата со цел влез во ЕУ и НАТО, како дел од програмата на овие телевизии се и наштимани анкети со цел омекнување на тврдиот став на поголемиот дел од Mакедонците во однос на ова горко прашање.

Класичен пример за ваква една поврзаност е уредничката на Топ Тема, Сања Васиќ емисијата Топ Тема чиј сопруг работи за грчки медиумски магнат и го води проектот ,,Независен’’ весник. Синдерис за кого работи сопругот на уредничката на Топ Тема е грчка сива еминенција и близок соработник на Коѕијас.

Синдерис преку црните пари на грчкото МНР финансира медиуми во Албанија, Грција, а сега и во Македонија. Токму Синдерис за бугарскиот поратл БГНЕС изјавува дека до крајот на март може да се очекува договор помеѓу Грција и Македонија.

Доколку се земе целата ситуација во предвид, медиумите блиски до власта, странски како и грчки финансиери координирано работат на промовирање на идејата за промена на уставното име на Македонија со цел влез во ЕУ и НАТО. Токму неделата пред Заев да објави дека за него е прифатлива географска одредница во името на државата, целиот медиумски простор беше преплавен со промената на името, повеќе од 3-4 прилога на сите национални телевизии беа наменети на оваа тема, дебатни емисии посветени на оваа тема како и анкети со граѓаните се со цел доведување до самоуништувањето на македонскиот народ.

Медиумскиот мрак во кој се наоѓа Македонија е создаден од СДСМ со цел контрола на информациите и вршење на пропаганда врз својот народ. Со цел одбрана на катастрофалните политики кои ги спроведува изминативе месеци штетни по македонските национални интереси, државата и иднината на истата.

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This