Независен синдикат за образование: Се уште нема јулска плата за наставниците и професорите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вработените во образовниот сектор се уште ги немаат земено јулските плати велат од Независниот синдикат за образование и наука. Синдикатот побара од Министерството и општините да не ги деградираат работниците во образованието.

Наставниците и професорите се уште не зеле јулска плата обвинуваат од Независниот синдикат за образование и наука. Од таму  бараат одговор од Министерството за образование на прашањето зошто се деградираат просветните работници  кои би требало да се столб на општеството. Претседателот на синдикатот Томислав Гиевски пред зградата на Министерството рече дека во образованието не се почитува Законот за работни односи, според кој  крајниот рок за исплаќање на плата е најдоцна до петнаесети во месецот, и изрази сомневање дека плата ќе добијат и во понеделник на 20ти.

Од синдикатот велат дека непристојно е за држава која има претензии да стане членка на Европската Унија, работниците да молат да ја добијат нивната чесно заработена плата.

Од Министерството за образование соопштија дека платите на вработените во средно образование се веќе на нивните трансакциски сметки, додека за платите на вработените во основно, Министерството ги спровело сите потребни процедури.

“Министерстовото за образование и наука ги испрати сите документи потребни за исплата на платите до Министерството за финансии од каде што добивме повратна информација дека се е подготвено за реализација на платите на вработените до основнните училишта. Па така, сега останува училиштата да ги продолжат понатамошните процедури за финансиски трасфери, така штио  платите на вработените ќе се пренесат на нивните трансакциски сметки.”

Во соопштението од Министерството стои дека прават напори не само да се избегне доцнењето на платата, туку и наскоро да се направи зголемување на платите на вработените во училиштата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This