НЕЗАВИСНИТЕ КАНДИДАТИ СЕ ЖАЛАТ: Бараат да собираат потписи по домови и јавни места

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Оливера Доцевска, адвокатка од Куманово, ќе се обиде да ги собере неопходните 1.000 потписи и да состави своја листа во втората изборна единица. Таа смета дека дека 1.000 потписи се голема бројка во денешни услови

(Фото: Телеграф.мк/Влатко Перковски)

Независните кандидати, кои сакаат да состават кандидатска листа за изборите на 11 декември, се жалат на условите што се поставени и на тешкотиите со кои се соочуваат со собирањето потписи.

Тие сметаат дека би било добро кога процедурата би била олеснета и кога наместо во подрачните канцеларии на Државната изборна комисија, потписите би се собирале по домовите на граѓаните, плоштади и на јавни места.

Оливера Доцевска, адвокатка од Куманово, ќе се обиде да ги собере неопходните 1.000 потписи и да состави своја листа во втората изборна единица. Таа смета дека дека 1.000 потписи се голема бројка во денешни услови на страв, партизираност и деморализираност.


 Сѐ би било многу полесно доколку би било овозможено со одредбите на Изборниот законик да се собираат потписи на јавни места или по домовите. Но тоа не е така. Собирањето на ова бројка потписи ја отежнува посебно начинот на собирање на потписите, односно нивното депонирање во подрачните единици на ДИК, од причини што нема подрачни единици во сите општини од втората изборна единица, односно нема доволна достапност до граѓаните за потпис – објаснува Доцевска.

Таа, сепак, се надева дека ќе успее да ги собере потписите и дека на листата ќе има обични граѓани кои не се занимаваат со политика. Рокот за доставување на овие листи истекува на 6 ноември.


Дека со независни листи тешко се стигнува до пратеничко столче, говори и тоа што од актуелните независни пратенички, засега само Солза Грчева, најавува дека можеби ќе се кандидира за нов мандат, независно или преку партија, додека Буралиева и Топузоска-Каревска дефинитивно ѝ ставаат крај на собраниската кариера.

Неуспешно заврши и обидот на професорката Билјана Ванковска да собере 10.000 потписи за кандидатура за претседател на државата на изборите во 2014 година. Откако виде дека ќе биде невозможно да стигне до потребните потписи, се откажа по неколку дена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This