НЕЗАКОНСКИ ПОВЛЕЧЕНИ 300.000 ЕВРА ОД ЈАДРАН ФИЛМ:Сметката била блокирана со еднострана одлука на Тозија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

300.000 евра кои Агенцијата за филм ги повлече од сметката на продукциската куќа „Јадран филм“ беа наменети за снимање на историскиот дел од филмот „Македонија“. Но истите останаа на сметка откако директорот на Агенцијата Тозија побара да бидат повлечени делови од сценариото бидејќи содржеле националистички моменти кои ќе и штетеле на Македонија, вели за Алфа главниот продуцент на филмот, Винко Грубишиќ.

Грубишиќ ги демантира информациите кои Тозија ги пласира во медиумите, велејќи дека постојат докази за невистините кои ги пласира. Пред една недела продуцентот со Алфа сподели и вибер комуникација на Горјан Тозија со продуцентот Борис Грегориќ во која бара да се променат сите небулози од филмот, но и фотографии од нивните средби, за кои Тозија негираше дека се случиле.

Агенцијата за филм на Македонија преку соопштение информира дека повлечени се 300.000 илјади евра од сметката на хрватската продукциска куќа „Јадран Филм“, откако неодамна македонската Влада одлучи да запре финансирањето на филмот „Македонија“.

Според соопштението, согласно со правосилното извршно решение Агенција по законски пат вратила речиси 19 милиони денари (300 илјади евра), колку што имало на сметката на продукцијата кога таа била блокирана. Според Тозија повратот на државни пари е последица на неисполнувањето на договорот за производство на играната серија „Македонија“.

Алфа побара одговор и од Јавното обвинителство, кој дал наредба за повлекување на парите и како се повлечени истите, но и дали може ако продукцијата „Јадран филм“ е под истрага да се врши повлекување на средствата од нивната сметка, но одговор нема.

Адвокатот на продукцијата Ненад Јаничевиќ за Тв Нова пак вели дека парите од сметката на „Јадран Филм“ незаконски се повлечени и без одлука на управниот одбор.

Тој објаснува дека повлекувањето не е резултат на истражни дејствија или барање на финансиската полиција и обвинителството, туку сметката била блокирана со еднострана одлука на Тозија.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This