Незaкoнcки пocтaпки за унaпрeдувaње во Агeнциjaта за стpaнски инвecтиции

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Минатата година по изборите, поднесена е жалба до Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија против одлуките за избор на кандидат по пат на Интерен оглас за пополнување на работно место со унапредување на Емилија Трајковска и на Сузана Василевска.

Жалбата е во однос на процедурата која била со непознати критериуми, предлог, не транспарентност како и на ургентноста за унапредување на ден пред прогласување на изборите.

Постапката за селекција за унапредување се состои од две фази – административна селекција и интервју, кои биле завршени во рекордно време од четири дена, при што една од унапредените била на боледување.

Емилија Трајковска, која предходно била на позицијата заменичка раководителка на секторот за Маркетинг и Односи со јавност, со оваа одлука била унапредена во раководителка на Правни работи, општи работи и јавни набавки. Критериумите како и на чиј предлог е унапредена не се познати и се поставува прашањето зошто била унапредена во сектор каде немала никакви предходни активности.

Сузана Василевска била унапредена во Државен советник за финансиски прашања и финансиска поддршка на инвестициите на домашните и странските компании. Таа во Агенцијата е донесена на нетранспарентен начин за време на викенд со превземање од друга институција во сектор со кој немала никакви допирни точки, ниту предходно работно искуство.

Од ова произлегува дека целата постапка и незаконска, вработените не беа запознати, ниту имало фер натпревар, мерења, компетенции, ниту пак имало известување за намера за унапредување токму на тие позиции.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This