НЕИЗЖИВЕАН НАРОД: Максим Димитриевски и Марјан Даскаловски со телхоранители се филмале во дискотека!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со обезбедување од 5-6 луге вчера Максим Димитриевски, пратеникот на СДСМ и кандидат за градоначалник на Куманово и Марјан Даскаловски, претседател на СДСМ ОО Струмица и пратеник до 2016 влегле во ноќниот клуб Куба Либре во Охрид, дознава Журнал.

Покрај арогантноста на функционерите на СДСМ, тие покажувале и сила, односно посетителите на локалот биле буткани на страна за да може да поминат Димитриевски и Даскаловски.

Тие во локалот биле гости на резервирано сепаре, каде според информациите кои ги добивме од гости во клубот, можеле да се забежелат скапи пијалоци кои ги пиеле двојката од СДСМ.

Инаку, Максим Димитриевски е познат по своето проблематично однесување, тој пред некое време нападна момче во ресторан, слуај кој медиумите под контрола на СДСМ, пробаа да го извртат и да го претстават Димитриевски како жртва, што беше демантирано од полицискиот извештај

Според информациите од кумановската полиција случајот во полиција во пријавил вработен во ресторан, а веднаш потоа стигнала пријава и од таткото на нападнатото момче. Тој пријавил дека неговиот син В.А. физички е нападнат од страна на М.Д. од Куманово, пратеник во Собранието на Република Македонија кој два пати му удрил тупаници во пределот на лицето.

-Полициски службеници од СВР Куманово излегле на местото на настанот и констатирале дека оштетениот со своите пријатели бил гостин во ресторанот и на музиката им порачал одредена песна, но по кратко време кога музиката престанала, истиот се упатил кон оркестарот за да праша зошто запреле и му се приближило лицето М.Д. кој исто така бил на семејна прослава и со присуство на повеќе гости во удрил во пределот на лицето два пати со што му нансел телесни повреди. При преземање на потребните мерки и активности обезбедени се лица сведоци кои биле присутни за време на настанот и го потврдуваат истиот, информираат од СВР Куманово.

Порталот Press24 тогаш објави дека момчето завршило со два скршени заба. Според изјавата на момчето пратеникот го нападнал пред тоалетот удирајќи му тупаници во пределот на лицето.

Тогаш и од ВМРО-ДПМНЕ испратија соопштение во врска со инцидентот во кое се вели насилството на криминалците од СДСМ мора да биде санкционирано.

Од ВМРО-ДПМНЕ испратија соопштение во врска со инцидентот во кое се вели дека насилството на криминалците и предавниците од СДС мора да биде санкционирано. Од партијата побараа овој скандал да се расчисти до крај.

-Врв на криминалното и насилничко однесување на злосторничкото здружение околу криминалецот Зоран Заев е вчерашниот срамен физички напад од страна на пратеникот Максим Димитриевски. Насилникот Димитриесвки, без никаков повод и причина, се дрзнал со тупаници да нападне и да се пресмета со 23 годишно момче само заради тоа што не му се допаднала македонската песна која била нарачана, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This