НЕКОГАШ ГО „ТРЕСЕА“ НА ГРАНИЦА, СЕГА СО ДРЖАВНИ ПОЧЕСТИ: Анти-македонистот Каракачанов се пофали дека ќе бил пречекан со најголеми почести!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на бугарската ВМРО-БНД и актуелен министер за одбрана на Бугарија, не го крие задоволството што денес  во Македонија беше пречекан на голема врата, а по средбата со македонската колешка Радмила Шеќеринска  даде и официјална изјава за медиумите

Имаше години во кога со часови чекаав на бугарско-македонската граница, ги проверуваа документите, проверуваа каква литература носам, не можев да носам повеќе од две весници. Сега ќе ме чека придружба, изјави синоќа за една софиска телевизија Каракачанов.

Тоа се парадоксите на историјата, вели човекот кој во македонската и бугарската јавност беше препознатлив по своите екстремни националистички ставови, кој ја негира македонската нација и има контроверзно толкување на историјата.

Нормално е секој Бугарин кој не е оптоварен со некакви глупости за Александар Македонски, за некаква античка македонска нација и слични изопачени работи, да ја смета Македонија за дел од бугарското национално пространство“, изјави во една прилика жестокиот националист а сега министер за одбрана.

Во едно интервју, пак, за државната телевизија БНТ1 во јуни годинава тој го повтори неговиот став дека во Бугарија и Македонија живее ист народ кој има заедничка историја.

Каракачанов е правник по професија и историчар, но кариерата во политиката и надвор од неа ја изгради врз „македонското прашање“. Има сознанија дека во време на комунистичка Бугарија работел како агент за службите на државната безбедност под прекарот Иван.

Во минатото тој редовно го попречуваше чевствувањето на Илинден на гробот на Јане Сандански и со неговите приврзаници правеше инциденти.

За состојбите во и околу Македонија, тој во една прилика ќе рече дека секој меѓуетнички судир во Македонија носи закана за целиот регион, бидејќи таму се испреплетуваат интересите на неколку земји. Од оваа гледна точка позицијата на Бугарија треба да е јасна и категорична. Бугарија е гарант за територијалниот интегритет и независноста на Република Македонија.

Бугарскиот министер денес доаѓа на потпишување договори од областа на одбраната меѓу двете земји, а најави дека догодина македонската и бугарската армија ќе одржат и заедничка вежба.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This